Медиумски писмен граѓанин не е оној што чита весници, гледа телевизија или слуша радио. Тој е многу повеќе од пасивен консумент. Во првиот прилог од серијалот „Во наше име“  се зборува за феноменот на македонското живеење кој е проблематизиран заради непрофесионалноста на дел од медиумите и новинарите.

Целта на серијалот „Во наше име” е запознавање на јавноста со процесот на создавање медиумски содржини за да се поттикне критичко следење на содржините кои медиумите ги пласираат и активно вклучување на граѓаните во нивно креирање при што граѓанинот ќе се стави во улога на контролор на медиумите.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004