Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Иницијативи

Јане Велковски ќе го гледа осминафиналниот меч од Лигата на шампиони меѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Севилја како гостин на фудбалерот на англискиот тим Пол Погба. Француската ѕвезда веднаш испрати порака до 9-годишното момче, кое боледува од спинална мускулна атрофија, да биде негов гостин на фудбалски натпревар од Лигата на шампиони откако го виде видеото на Јане од кампањата на УЕФА, „Еднакви на терен“. Деновиве, менаџерот на Погба испратил и официјална покана до семејството во првата половина на март, кога ќе се игра реваншот меѓу Јунјатед и Севилја, да бидат меѓу публиката на „Олд Трафорд“, како специјални гости.

„Јане е возбуден што ќе гледа во живо натпревар на Манчестер Јунајтед и тоа во Англија, каде стадионите секогаш се полни до последно место и атмосферата е неверојатна. Пресреќен е што ќе го запознае Погба. Постојано го носи дресот кој го доби од него. Пред да одиме во Манчестер, прво имаме нова интервенција во клиниката во Париз, каде треба да му бидат продолжени имплантите кои пред две години му беа вградени во рбетниот столб. Од Париз ќе одиме во Манчестер“, вели Деница Велковска, мајка на 9-годишниот Јане.

Покрај Погба, Јане со својата приказна воодушеви и други фудбалски ѕвезди. Луис Фиго, поранешниот фудбалер на Барселона, Реал Мадрид и Интер, објави фотографија со сликата на Јане, под која напиша „Ти си неверојатен“.

„Фудбалот ми значи сè. Кога играм фудбал, заборавам на сè. Кога гледам фудбал сум најсреќен. Јас не можам да одам, така сум роден, имам спинална мускулна атрофија. Сега сум голман, бранам во мојата електромоторна количка, можам да го водам тимот, да бидам капитен. Сонувам да можам да го добијам лекот кој ќе ми помогне да можам да одам и да бидам фудбалер како Роналдо“, вели Јане во видеото на УЕФА кое го обиколи светот.

Родителите на Јане чекаат конзилијарно мислење од Детска клиника за да побараат потоа од Фондот за здравство да им одобри лекување во странство.

„Бидејќи нема услови овде Јане да го прими лекот, кој се дава со една минихируршка интервенција лумбално, побаравме Фондот и останатите надлежни во Здравството да нè пратат таму каде им е најниска цената во Европа, за да го прими лекот. Овој лек се дава во Австрија, Германија, Италија. И самиот производител на лекот бара соодветни услови, односно стерилна сала и обучен тим, кој знае да го даде лекот“, вели Деница.

А. АНТЕВСКА

Оваа статија се продуцира со помош на грант доделен преку проектот „Коалиција за медиумска писменост“, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините во оваа статија се одговорност единствено на Сакам да кажам и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Линк до оригиналната објава

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk