Специјална олимпијада Македонија и МРТ преку проектот „Горди на себе“ ќе работат на сензибилизирање на пошироката јавност за лицата со интелектуална попреченост и поддршка на лицата со интелектуална попреченост, ставајќи ги атлетите од Специјалната олимпијада на еднаков ранг со спортските ѕвезди.

Повеќе...

МКЦ-Битола и ТВ Тера преку проектот „Објави ме“ ќе работат на подобрување на критичкото разбирање на содржините и функционирањето на медиумите од страна на граѓаните, ставајќи ги гледачите во улога на репортери и продуценти на серијал од 20 ТВ емисии.

Повеќе...

Национален младински совет на Македонија и радио МОФ преку проектот „Младинска медиумска писменост“ практично ќе ги обучуваат граѓанските организации и младите како да ги анализираат медиумските содржини, правилно да комуницираат со медиумите и продуцираат медиумски производи.

Повеќе...

Македонскиот институт за европски студии и Урбан ФМ преку проектот „Медиумски писмен студент“ ќе ги едуцираат студентите како носители на прогресивните општествени промени за начинот на кој функционираат медиумите и важноста од критичкото читање на медиумите, ставајќи акцент на социјалните мрежи.

Повеќе...

Коалицијата СЗПМЗ, ПЕТКАМЕН - Центарот за развој на социјални комуникации и ТВ 21 преку проектот „Маргините во центар“ ќе го промовираат концептот на граѓанското новинарство како инструмент за активното учество на граѓаните во јавната сфера и медиумската писменост како предуслов за ефикасна комуникација со јавноста, ширење на целните публики и иницирање на општествени промени.

Повеќе...

Здружението Инклузива и телевизија Плус преку проектот „ Инклузија преку медиумите“ ќе работат на зголемување на учеството на лицата со попреченост во локалната заедница со подобрување на нивните вештини за медиумска писменост преку обуки во инклузивни групи и директно учество во серијал на емисии на различни теми.

Повеќе...

 Здружението „Реформатор“ и телевизија 24 преку проектот „Во наше име“ ќе отворат прашања од јавен интерес, ставајќи ги во фокус и етичкиот кодекс на новинарите и нормативите под кои работат редакциите во кои се поткопува интегритетот на новинарите.

Повеќе...

Вилсон Македонија и СакамДаКажам.мк преку проектот „Подигнување на јавната свест за потребата од стратешки пристап за ретките болести“ ќе ги промовираат на медиумите како алатка за активно учество на пациентите со ретки болести во јавната сфера и подигнување на свеста кај релевантните институции и јавноста за изработка на сеопфатна стратегија за ретките болести.

Повеќе...

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

Адреса

ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004

www.medium.edu.mk; www.vs.edu.mk; 
medium@medium.edu.mk;