INICIJATIVI KrugcinjaКоалицијата на медиумска писменост ја сочинуваат осум граѓански организации и осум медиуми кои преку заеднички иницијативи реализираат активности за промоција и унапредување на медиумската писменост. Коалицијата е основана во ноември 2016-та кога преку јавен повик се избраа осумте членови врз основа на предложените активности за едукација и промоција на медиумската писменост.

Доминираат иницијативи кои вклучуваат продукција на медиумски содржини креирани од и за маргинализираните групи граѓани, едукација на младите за критичка перцепција на информациите и вештини за препознавање манипулација и лага, но и практикување професионални новинарски стандарди.

Тие тоа ќе го прават преку медиумска продукција, настани, кампањи, обуки за пристап, користење и креирање онлајн содржини кои ќе имаат крајна цел – поттикнување на активно граѓанство и учество на граѓаните во јавната сфера преку користење на медиумите.

Крајната цел на основањето на Коалицијата е да се поврзат граѓанските организации и медиумите заеднички да ја едуцираат јавноста како да се справи со мноштвото информации и вести, но и да ги поттикне граѓаните сами да креираат содржини употребувајќи ги медиумите како алатка за артикулирање на своите интереси и активно да учествуваат во јавната сфера.

Членови на Коалицијата

  1. Здружение за граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон во соработка со Сакамдакажам.мк
  2. Здружение за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Телевизија Плус Куманово
  3. Здружение за медиумска и комуникациска култуа и граѓански права Реформатор во соработка со 24 Вести Скопје
  4. Коалиција Сексуални и здравстени права на маргинализираните заедници во соработка со Телевизија 21
  5. Македонски институт за европски студии во соработка со радио Урбан ФМ
  6. Младински Културен Центар Битола во соработка со Тера ТВ Битола
  7. Национален младински совет на Македонија во соработка со Радио МОФ
  8. Специјална олимпијада Македонија во соработка со Македонска Телевизија

Грантистите беа избрани на јавен повик на којшто се пријавија 38 апликанти.

Финансиска и друга поддршка

За поуспешна реализација на избраните иницијативи, Високата школа и лондонскиот Институт за медиуми во текот на 2017-та година организираат:

  1. Сет од пет обуки за претставниците на медиумите и на граѓанските организации за основните концепти на медиумската писменост и за поуспешна комуникација со јавноста.
  2. Менторска поддршка при реализација на предложените иницијативи (јуни 2017- февруари 2018)
  3. Грант до 5.000 евра во денарска противвредност.

Приклучи се кон Коалицијата за медиумска писменост

Коалицијата е отворена и за други субјекти кои работат или пак имаат желба да учат и да ја унапредуваат медиумската писменост. Високата школа, заедно со своите партнери „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите, ги поканува граѓанските организации, медиумите, институциите, училиштата и сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон Коалицијата. Тоа може да го сторат со пријавување на онлајн формуларот.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004