Во време кога постојано сме опкружени со различни медиуми, неопходно е да умееме како да се справиме со неконтролираниот наплив на информации. На луѓето им се потребни нови вештини и знаења за да можат да учествуваат во општствениот живот користејќи ги медиумите и новите информатички технологии.

Овие вештини им се потребни за да учат, да истражуваат, да се информираат или пак да се забавуваат. Но, исто така, во ова море од информации и медиуми, граѓаните треба да се свесни и за бројните ризици со кои може да се соочат и затоа треба да знаат како безбедно да ги користат, да ја заштитат приватноста во виртуелниот свет и да бидат „информирани корисници при купувањето и во лоцирањето веродостојни извори на информации“.

Граѓаните кои се медиумски писмени се свесни за содржината што ја користат, како ја нашле, кој ја направил и со која цел. Покрај тоа, тие ја користат мудро, етички и ефективно.

Промовирањето на медиумската писменост значи поттикнување на критичкото и аналитичкото размислување и развој на граѓанска свесност. Демократско општество претпоставува непречено уживање на правото на слобода на говор и информирање, како предуслов за изразување на граѓаните и активно граѓанство.

Затоа традиционалната писменост (јазична и математичка) се надополнува со медиумска писменост. Таа веќе е длабоко навлезена во образованието (формалното и неформалното), користејќи ги придобивките од дигиталната технологија и новите медиуми.

Дознај повеќе за различните концепти за толкувањето на медиумската писменост и како таа се третира во македонската регулатива (Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, законската обврска на АВМУ за промоција на оваа сфера и тн.), во истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“ што го реализираше Високата школа во 2016-та.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

Адреса

ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004

www.medium.edu.mk; www.vs.edu.mk; 
medium@medium.edu.mk;