Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

За медиумите

Медиумската индустрија, а особено медиумите се значаен фактор за нивото на медиумска писменост во едно општество. Кога се анализира односот медиуми-медиумска писменост, пред се се мисли на способноста на граѓаните да бидат вклучени во медиумските содржини, да ја знаат нивната функција, да ги анализираат содржините кои тие ги објавуваат, истите критички да ги вреднуваат и секако, и самите да креираат медиумски содржини (P. Aufderheide,1992).

Медиумите, без разлика дали се јавни или комерцијални, традиционални или онлајн, треба да бидат свесни за својата општествена улога. Тие влијаат врз јавното мислење и предизвикуваат последици кај граѓаните, кои информирајќи се преку медиумите, носат одлуки (каква облека да носат откога ќе ја слушнат временската прогноза, каде да патуваат, за кого да гласааат следејќи ја политичката дебата канализирана низ различни медиуми и сл.). Оттука, медиумите се должни да информираат професионално и непристрасно, почитувајќи ги законските одредби (според Законот за аудио и аудио-визуелни услуги), Етичкиот кодекс на новинарите, начелата на Советот за етика во медиумите во Македонија и принципите за јавен интерес во новинарството. Ова особено се однесува на Јавниот радиодифузен сервис, кој има и законска обврска да ја промовира медиумската писменост.

DSC 0194medium

Медиумите и медиумските професионалци треба да ја едуцираат својата публика и младите особено, за својата работа. Понудата на квалитетни содржини е основа за градење доверба кај гледачите, читателите, слушателите.

Конвергенцијата и новите технологии, ги стави традиционалните медиуми во неизбежната положба да ги објавуваат своите содржини на повеќе платформи. Па, се јави уште еден предизвик: како да ја привлечат својата публика да се пресели на нивната нова онлајн платформа. Многу медиуми во светот (печатени и електронски) се адаптираа на дигиталната револуција, нудејќи им упатства на своите читатели и гледачи како да пристапат до содржините преку нивните паметни телефони. Еден од бројните примери е британски Гардијан.

Чекор повеќе во промоцијата на медиумската писменост се медиумите кои стратешки ја едуцираат својата публика за значењето на новинарската професија, улогата на медиумите во едно општество и како граѓанинот и самиот да биде новинар. Можеби најсоодветен пример е американскиот News Literacy Project во кој учествуваат врвни новинарски имиња во националната кампања за новинарска едукација. Светската асоцијација на печатени медиуми и новински издавачи (WAN-IFRA) нуди позитивни искуства и ресурси кои можат да бидат корисни на нивните колеги. Ваквите иницијативи можат да се поврзат и со образовниот систем. На пример, британскиот јавен сервис Би-Би-Си секоја години го организира Би-Би-Си училиштен извештај при што учениците одреден ден во годината се во улога на новинари чии информативни изданија се пренесуваат во живо на телевизија.

Македонската телевизија, весникот Нова Македонија, порталот Телеграф, радио-станицата Клуб ФМ во 2014 ја прифатија иницијативата на Високата школа да бидат домаќини на средношколци за време на Медиумскиот ден. На овој непосреден и интерактивен начин, учениците се запознаа со процесот на креирање вести и други содржини.

IMAG0827medium

 

Медиумите постојат за граѓаните. Тие треба да бидат фокусот на нивните содржини, информирајќи за разлини групи граѓани третирајќи ги на еднаков начин, без предрасуди и стереотипи. Тоа е основата на медиумскиот плурализам, инклузивното новинарство и известувањето за различности. Но, граѓаните можат и самите да придонесат во креирање на медиумските содржини, доставувајќи им на медиумите свои видеа, фотографии, писма до редакции и сл. Медиумите треба да имаат начин како да реагираат на ваквиот граѓански придонес. Големите светски медиумски куќи го регулираат ова прашања во своите интерни уредувачки политики (човечки ресурси, процедури за одговор, проверкка, отчетност кон публиката при објавување вакви содржини и сл.).

УНЕСКО издаде публикација за електронските медиуми со упатства како да ги вклучат ваквите содржини во своите програми.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk