За средношколци

 

priracnik res             priracnik znm             Odgovor i ispravka 09.03  
„ПРАВО НА ГОВОР НЕ Е ПРАВО
НА ГОВОР НА ОМРАЗА“,
БРОШУРАТА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ
ИЗРАБОТЕНА ОД ФОНДАЦИЈАТА
„МЕТАМОРФОЗИС“
            ПРИРАЧНИК ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ
„ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ И ПРИРАЧНИК“,
ИЗРАБОТЕН ОД МЛАДИНСКИОТ
ОБРАЗОВЕН ФОРУМ, СКОПЈЕ, 2014
            НАПРАВИ ВЕСНИК (ОБРАЗЕЦ)  
 ПОВЕЌЕ              ПОВЕЌЕ             ПОВЕЌЕ  

 

Долго време, па дури со векови, зборот „писменост“ се однесуваше на способноста да се чита и пишува. Но, денеска, информациите се’ почесто ги добиваме преку сложен систем на медиумски технологии. Денес, да умееш да читаш, и тоа од различни видови медиуми е неопходност.

„Медиумската писменост подразбира способност да пристапуваш, да анализираш, оцениш и да креираш медиум“.

За да дознаеш повеќе за медиумската писменост, симни го „Прирачникот за медиумска писменост“  [ALB]  [TUR]  [SRB]

pDSC 0113

Учениците, но и останатите луѓе кои се медиумски писмени подобро ги разбираат комлексните пораки кои секојдневно и се почесто ги добиваат од телевизијата, радиото, интернетот, весниците, книгите, билбордите, видеоигрите, музиката и останатите медиумски форми. Вештините за медиумска писменост веќе се вклучени во образовниот систем. Со содржините кои се достапни во различни форми, може подобро да се учи, да се стекнат и применат одредени знаења, да се изработи одреден проект. Но, мошне значајно е истите овие медиумски содржини да се искористат за поттикнување на критичкото мислење кај младите.

vDSC 0076

Да се биде медиумски писмен, значи дека:

- имаш вештини и способности за критичко и аналитичко размислување
- разбираш како медиумските пораки го обликуваат општеството и културите
- ја препознаваш целта на креаторот на медиумската порака: што тој/таа сака да веруваме или правиме
- знаеш да ги именуваш техниките на убедување
- препознаваш извртена информација, пристрасност, лага и манипулација
- да откриеш кои делови од приказната не се кажани
- умееш да ги оцениш медиумските пораки базинрани на сопственото искуство, вештини, уверувања и вредности
- да креираш и дистрибуираш медиумски пораки

Да се биде медиумски писмен, значи да умееш да креираш и објавуваш медиумски производи. За тоа ти е потребно да знаеш како да напишеш новинарски текст, како да фотографираш или да снимиш видео или радио содржина. „Медиум“ и Високата школа ти нудат ресурси за да ги усовршиш овие вештини и за твоите почетоци во новинарството да бидат успешни и забележани.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

Адреса

ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004

www.medium.edu.mk; www.vs.edu.mk; 
medium@medium.edu.mk;