Вести |

Медиумски ден 2016

feat-img

Медиумите ТВ 24 Вести, ТВ 21, Радио МОФ, Нова Македонија, Телеграф.мк, Тера ТВ и Канал Плус Куманово беа домаќини на 100 тина средношколци од Скопје, Битола, Гевгелија, Виница, Штип. Идејата за организација на ваков ден е публиката, а особено младите да се запознаат со улогата и функцијата на медиумите во едно општество, начинот на кој се создаваат вестите, новинарските стандарди и кога тие се прекршени.

По посетите во редакциите, учениците учествуваа на интерактивното предавање со Дарко Булдиоски за стекнување вештини како да се препознаат лажни вести „Кликни, провери“. Медиумскиот ден го организира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, што го реализира во партнерство со весникот „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот е финансиран од Европската Унија.