Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

JAS MISLAM VAKA David Stojanovski Skopje9865Талкањето во место како вирус ги фатило поголемиот дел од моите соученици средношколци. Како без компас, не знаат каде би го продолжиле своето образование, а поголем дел од нив и не ни сакаат да го направат тоа. „А бе ајде, кој учи денес факултет, подобро ќе седам дома отколку да студирам“ се некои од објаснувањата.

За ваквиот став вина имаат и родителите кои преокупирани со секојдневните обврски и амбициите за сѐ повеќе пари не им обрнуваат доволно внимание на своите деца. Ги занемаруваат проблемите и потребите на децата и несвесно ги втурнуваат во „провалија“.


За жал, од ваквиот однос револтот и разочараноста на младите се рефлектира на активности кои не само што им наштетуваат на нив самите туку и на општеството. Сведоци сме дека младите сѐ повеќе „тепаат“ време пиејќи алкохол, а некои одат и во крајност со консумација на опојни средства. Многу од родителите не се ни свесни што прават нивните деца кога ќе излезат од домот. Оваа група млади талка во место, не знаејќи што би правеле утре, а камоли да донесат некоја поважна одлука како што се студиите.


Од друга страна, меѓу нас средношколците има и такви кои знаат каде сакаат да студираат. Погодувате, нели? Во странство, со надеж дека ќе се снајдат доволно за да не треба да се враќаат назад. И кај оние кај кои постоела желбата кога ќе завршат факултет да дојдат дома, таа полека згаснува. А има и такви кои планираат да се дошколуваат овде. Ете, на пример, јас. Планирам да студирам право, а коментарите од типот „Бегај таму, какво право“ и „Ти ли најде да ја исправаш државата? Ништо овде не се менува“ не ме колебаат.


Вреди да се бориме за тоа да останеме тука, да го исправиме она што е „криво“, да создадеме правна држава како за нас така и за идните генерации. Вреди, затоа што не сакам да сум дел од шест илјади иселените граѓани од Македонија, бројка која од ден на ден расте. Вреди, затоа што не сакам со моите блиски да разговарам преку Скајп и да се посетуваме една годишно.


Можеби за моите желби и оптимизам се виновни младешкиот и бунтовнички дух што ги има секој средношколец, но токму ние сме тие кои треба да иницираме промени и да се залагаме за правда. Ние сме тие кои утре ќе бидеме академски граѓани и затоа треба да испратиме порака дека не сме само млади луѓе без свој став, туку дека сме способни да расудуваме и да се бориме за посветла иднина овде, во Македонија.


Давид Стојановски

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk