Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

JAS MISLAM VAKA ANA MARIJA ZAFIROVAАна-Марија Зафирова, СОУ „Кочо Рацин“ - Свети Николе

Од сите инспиративни приказни што досега сум ги читала, повеќето се врзани за младите луѓе. За нивниот порив да дадат за општеството во коешто живеат, да творат, да променат нешто, да опстанат... За нивната постојана борба да го поместат времето чекор нанапред.

Во општеството такво какво што е, со секој нов ден се наметнува потребата тоа да биде понапредно, подемократско, поотворено за сите негови чинители. Потребата не е тоа да се стреми кон идеалното, туку едноставно само по себе да биде соодветен одговор на реалните потреби на граѓаните.

Кога станува збор за улогата на младите во него, и историјата потврдила многу пати дека младата интелектуална сила е онаа која со својот револуционерен дух може да влијае многу силно, ако не и одлучувачки за општествените текови, промени и случувања. Меѓутоа, не секогаш сфатени добронамерно, честопати потценети како идеалисти и недоволно искусни, младите биле свесно маргинализирани како категорија. Сепак, вистината и чесната намера, порано или подоцна излегувале на виделина.

Како дел од оваа категорија на авангардна граѓанска сила, и јас чувствувам потреба не само да го изразам своето демократско мислење, туку и активно да дејствувам преку граѓански иницијативи и здруженија.

Сметам дека, неизвалкани, некорумпирани и неиструментализирани од никој, младите можат да го променат општеството. Преку својот крик за правда, за социјална еднаквост и демократизација во општеството.

Да, точно е, има и такви кои велат дека некои од нас не се доволно ефикасни и продуктивни, дејствуваат незаинтересирано и неодговорно. Можеби, според мене, тоа е производ на „стерилниот“ начин на живеење во општеството. Меѓутоа, сметам дека тоа може да се промени. Можеме да ја исполниме нашата граѓанска обврска да се посветиме и бориме за подоброто, за просперитет. За промени во позитивна насока кои ќе ни донесат само бенефиции на нас, на нашето општество.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk