Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

20 MATEJA TRICHKOVSKA RМатеја Тричковска, СОУ „Кочо Рацин“ - Свети Николе

Живееме во време на измрдани вредности, далеку од нормалата. Време кога и за самата нормала нема конкретна дефиниција. Време кога нормалата не може да сепрепознае, а уште помалку може да се биде раководен по неа движејќи се во нејзина линија. Живееме во време на лажни витези, лажни херои и лажни идоли. Ги следиме слепо како лудаци не прашувајќи се зошто го правиме тоа, и зошто се раководиме баш според нив. Можеби затоа што одговорот би не исплашил или би сфатиле дека за тоа немаме поента. Причината заради која таа една личност за толкумина претставува стремеж е често банална , смешна, неетичка и блудна. А сме ја чуле, виделе и ја среќаваме по медиуми, пишани и дигитални, по социјални мрежи и во секојдневни разговори. Ама зошто да се запрашаме. Од  каде потекнува таа нејзина слава, што е тоа што ја воздигнало и вметнало во сечија уста? Ги земаме таквите личности за пример, за урнек, за “сакам да бидам“ и “никогаш нема да бидам“. Па што? Што и ако не бидеш, што? Зошто наметнуваме совршенството да се дефинира врз основа на нечие име? Име кое за да се пробие на сцената на ехото, искористило секакви нечисти и патишта вредни за презир. Име кое е засновано и поврзано со низок морал, а и таква интелигенција. Име кое станува звучно од блам а потоа на својата звучност успева да догради и позитивна приказна која за чудо од публицитет станува и успешна. И така ние сме баш тие што им ја правиме таа услуга, им правиме корист нанесувајќи си како општество само штета. Ги правиме она што се, а потоа жалиме што самите не сме како нив, што не поседуваме се што тие имаат, што не живееме живот каков што живеат. А сме им го доделиле в раце. Така несвесни пренесувајќи ги преку небитни (и тоа дури често во негативен контекст) коментари. Мислам дека е доста. Мислам дека е доволно. Претеравме со земањето како нормални граници нешто што здравиот човечки разум не би го зел за такво и тоа поради некоја личност што од икс глупава причина станала популарна и сега се гордее со постигнатото занемарувајќи од каде истото потекнува. И страшното е што и ние занамаруваме. И се поистоветуваме. Ама ајде, ви се молам, да престанеме! Мислам дека е крајно време да се вратиме на вистинскиот пат ако еден како таков можеме да наречеме. Да се вратиме на конзервативното, како што можеби западот би го нарекол, ама јас би го нарекла нормално. Без нереални желби наметнати од квази нови ликови за чија професија не постои дефиниција. И да, под ова мислам на сите оние старлети (за кои дури не постои ниту машки род од именката на нештото што би требало да се нарече нивна професија) кои врз основа на тоа после се и пејачки и актерки и дизајнерки и манекенки па и бизнисменки, но најмалку личности чиј идеал би требало да се следи.  Stop making stupid people famous.  Нас ни ги перат ама ние знаеме какви се кога не се испрани и перењето можеме да го бојкотираме, да не дозволиме идните генерации да се родат во свет каде освен оној што произлегува од испрани мозоци друг начин на размислување не би ни постоел!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk