Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Jas mislam vaka Vera Apostolska oktomvriВера Апостоловска

За 25 години јас ќе бидам на возраст од 41 година. Тоа се најубави зрели години, уште релативно млада, реализирана на секое поле, како професионално така и приватно.

Себеси се гледам како специјален едукатор во некоја невладина организација, која што се занимава со најнови методи и техники на работа со деца со пречки, како факултески образувана личност, полна со лично искуство, теоретски поткрепена. Во својата струка ќе вршам мисионерска работа и ќе ги проширувам хоризонтите на заедницата. Како што вели поговорката,,мирна вода брег рони, така и јас на мирен, но сепак енергичен и истраен начин професионално ќе се наметнувам и ќе ја остварувам мојата зацртана цел.

Најверојатно ќе бидам самохрана мајка на две дечиња, претпоставувам близнаци, родени со помош на “in vitro” Ова како сигурна опција во случај да не сретнам партнер со широки сваќања, којшто ќе ме засака со сите мои вредности и недостатоци.

Мојот дом ќе биде топол , но целосно опремен со електрични и други уреди за домаќинство, кои ќе ми овозможат лесно ракување и завршување на секодневните домашни обврски,со оглед на  моите проблеми со фината моторика.

За 25 години себеси се гледам како убава, модерна, самоуверена и самостојна жена, која цврсто чекори напред и „фура свој фазон“. 

Своја на свое!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk