Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

jas mislam vaka tamara stavreskaТамара Ставревска, СУГС „Никола Карев“ - Скопје

Моќта  или правото да дејствуваме, да се изразуваме и да размислуваме  ја дефинира слободата што граѓаните ја имаат. Не само во Македонија туку и насекаде низ светот. Слободата отсекогаш се состоела од правото да го избереме она што го сакаме. Граѓаните треба да разберат дека имаат право слободно да ги изразат нивните размислувања, без вмешување на властите, но при тоа почитувајќи ги правата и слободите на другите граѓани.

Но, дали во Македонија граѓаните имаат слобода ? Во сите држави, па и во Македонија владее  правото и правото на слободата-граѓаните имаат право да бидат еднакви и државата да ги заштитува. Загрозените граѓани треба да бидат згрижени и за нивната заштите треба да бидат вклучени социјалните работници. Државата треба да обезбеди добар и пристоен живот на сите нејзини граѓани. Треба да имаат слобода да се движат, без страв дали ќе бидат нападнати, да одат слободно и мирно на училиште, а и нашите родители слободно да одат на работа.

Заклучок е дека правото за слободно изразување  на граѓаните не им ускратено и секое незадоволство може да го изразат. Сепак, Македонија е демократска земја и граѓаните имаат право на глас. Но, од моја гледна точка сепак постои мала  дискриминација во однос на новинарите, на кои им е ускратено правото на слободно изразување.

Во секоја држава постои група на луѓе, со поголема моќ, коишто можат да влијаат врз некои граѓани, притоа наметнуваат неисправни работи, понекогаш и со насилство. Човековите права се неприкосновени за сите граѓани на нашата држава и од тој аспект јавната власт, во која спаѓаат сите државни органи и единиците на локалната самоуправа, се должни да ги почитуваат и унапредуваат. Тешко е да се даде една општа оценка, бидејќи се уште постои повреда на човековите права и дискриминација.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk