Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Jas mislam vaka Mateja TrickovskaМатеја Тричковска, СОУ „Кочо Рацин“ - Свети Николе

Робови на материјалното. Робови на амбалажата. Робови на логоа. Тоа сме ние денес. Поданици на етикети, зависници од брендови, квантитет, а не на квалитет. Плитки суштества на кои очите им светат само кога сјајот е отсликан како долар. Млади, кои наместо стремеж кон безгранично заедништво, сами содаваат јазови, граници пресликани во банкноти.

Во што се претвораме? Во што еволуираме? Небаре имаме програмирани чипови за одредување колку од дофатливото ни припаѓа. И според тоа, каде припаѓаме, на што, со кого припаѓаме ? Не, не чипови. Монети. Ние работиме на пари. За пари. По пари. По парче хартија или метал за чие поседување би се изгубиле и себеси. Сѐ се сведува на призма на лотарија. И не е тоа најстрашното. Секој секого перцепцира во огледало на вредност, на богатство, на златни плочки, на седмици.

Запознавањето со нова личност е само пресметка на бруто и нето, добивка од чинот на познавање и сложена калкулација зошто и колку е истата исплатлива. Секој збор е плус или минус на нечија банкарска сметка. Целиот живот – совршен билтен на поседување луксуз. Луксуз изграден низ скапи креации на облека, ентериер, екстериер и придружни аксесоари. И луксуз неретко изграден врз човечки животи.

Аман, сопрете. Мислам дека е доста. Да престанеме. Зарем ја губиме свеста? Не гледате ли? Сите ние сме само парчиња месо и купишта коски кои шетаат наоколу како некаква споена целина. Сите ние сме исто. Идентични.

Зошто дозволуваме декорот што го имаме врз нашите кожи и декорот што можеме да го допреме со нашите сетила, да прави да заборавиме дека пред се’, единствено нешто што сме е- луѓе. Наместо целата варијација од можности кои ни ги нуди техниката и развојот на 21-от век да ги користиме кон обединување, ние ги користиме за разнебитување. Се делиме и натпреваруваме. Ја шириме јавно пропагандата на поседување. На украс. Украс на што? На она што порано или подоцна ќе гние со црвите, она на кое порано или подоцна, ништо и никој нема да се сеќава. Но, секој ќе го памети создадениот раздор. Ако продолжиме вака ќе стане терк на живеење чии последици ќе бидат безмилосни. Терк кој ќе создаде свет на поседувачи и поседувани. Лажно среќни и несреќни. Терк кој ќе направи вистинската среќа да исчезне.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk