Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Jas mislam vaka Ivan MitrovskiИван Митревски, СУГС „Јосип Броз-Тито“ - Скопје

Светот во очите на еден обичен смртник, кој, сака да биде сфатен од овој шугав свет. Тој не е како перфектните и префинети ликови од бајките, тој е само еден обичен човек, човек од улицата кој се радува на искрените работи кои не се големи колку два света, напротив се скромни, но вистински.

Тој човек е губитник, всушност тој е најголемиот губитник, а пак од друга страна тој е единствениот темен витез во овој чудесен  свет. Тој цело време жали за старите времиња кои не биле ништо подобри од оваа нова ера барем за него, но тоа е таа носталгија. Овој човек нема среќа во животот и љубовта бидејќи едноставно така му се поставени картите. Нему му е судено да губи, да биде поразуван во секој обид да стане шампион. Секогаш кога ќе посака нешто од животот што ќе биде вечно, тој повторно губи. Не може да биде вечно среќен, но тој секогаш знаел да се весели на малите работи како огромни. А не знам зошто секогаш кога ќе ја посака искрената и вистинска љубов пропаѓа во живата кал, најверојатно затоа што е единствениот вистински романтичар, но е премногу реален и несигурен во себе. На крајот од денот тој ќе ја издржи битката, ќе истрае, ќе стигне на целта. Можеби не на таа која ја посакуваше, ама сепак на крајот ќе победи, тој ќе стане шампион.

Една работа кај овој обичен смртник е добра- тој никогаш нема да се откаже, бидејќи така ќе биде згазен од ова труло општество. Во овој свет најтешко е да си обичен смртник. Ама тоа е тој волк преполн со лузни на лицето, истоштен од битките за подобар живот, но нема предавање за тој волк. Сè е возможно за оние кои силно веруваат во животот!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk