Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Jas mislam vaka Ana Marija ZafirovaАна Марија Зафирова, " Кочо Рацин" Свети Николе

Веќе ги имам моите 18 години, но на моменти чинам ми тежат на плеќиве. Многу чудно, малку се ,а толку многу чинам искуство ми донеле. Велат дека девојките побрзо созреваат и тоа е така, а и секој пат поинтересни теми и мудри мисли сум очекувала и слушала од повозрасни од мене. Дружењето со повозрасни, поуспешни од мене ми било интересен предизвик.

Има бројни луѓе кои се на работ на животниот залез, но останале сеуште на почетокот на својот живот. Отапени, неисполнети, би рекла несреќни. А, јас, во желбата да го зграпчам животниот успех, сум длабоко инспирирана од животни стории на амбициозни луѓе, успешни доктори, потврдени архитекти или афирмирани менаџери. Нивните инспиративни животни приказни ќе останат да бидат мојата ѕвезда водилка на патот кон успехот. Човек кој се обидел, а не успеал, е сепак поголем херој од оној кој никогаш не се обидел. Она што нема да не скрши, сигурно ќе не направи посилни. Затоа можностите се бесконечни и само небото може да биде единствена граница ако желбата и поривот за успех и самоафирмација ве водат напред.

Патот кој треба да се изоди кон успехот не е однапред одреден стереотип. Сечија  перспектива во голема мера е условена од неговата животна  визија. Прашање е дали  постои  некаков шаблон за градење на успех и просперитет, или пак тој се создава, се гради индвидуално, според визијата на младиот човек.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk