Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Jas mislam vaka Jovana JordanovskaЈована Јордановска, СОУ „Перо Наков“ - Куманово

Сите сме различни. Различни во секоја смисла. Нѐ учат на први зборови, на првиот чекор, нѐ учат што е правилно, а што не. Нѐ учат на почит, толеранција, љубов и разбирање, но забораваат да не научат на најважното. Забораваат да нѐ научат на различноста. А различноста треба да се почитува, негува и да се има во потполно разбирање. Некаде длабоко во нас, го заклучуваме разбирањето, ја отфрламе добродушноста, и таа капка љубов ја претвораме во себичност. Тука настанува хаос. Тука се раѓа самиот проблем, и истиот расте, се развива и прави невидени катастрофи, помеѓу младите луѓе ширум светот.

Дислексија, на пример, претставува различност што го отежнува самиот процес на стекнување и користење на вештините за читање, учење и пишување. Ова навистина претставува отежнување врз социјалниот живот. Децата на училиште, многу тешко ја прифаќаат различноста. Можеби и се плашат. Се плашат од нови нешта досега ненаучени, невидени. Се плашат од поинаквост. Стравот царува низ ходниците на училиштата.

Децата со аутизам ги дискриминираат, малтретираат, понижуваат, а тоа кревко невино срце ги прифаќа сите околу себе. Жедно за внимание, другарчиња, љубов... Секогаш со отворени раце, насмевка искрена, очи весели полни со сјај, чекаат прифаќање. Чекаат само рака, и рамо на кое ќе се потпрат. Децата со аутизам живеат во свој свет, и најчесто имаат проблем да ја прифатат реалноста. Им треба помош. Проблемот е во системот, во образованието, во родителите, и на крај-во самите нас. Сметам дека од првата година, првиот чекор во училишниот двор, децата треба да бидат воспитувани како да ги прифаќаат различностите . Да учат како да имаат разбирање, како да се однесуват , како да зборуваат и да се изразуваат без повредат нечии чувтства и без да бидат погрешно разбрани.

Непобитен факт е дека треба нешто да се смени , треба нешто да се преземе , да се реагира , да не се оставаат проблемите под тепих. Времето нема да ги реши.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk