Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

kolku ni znacat vonskolskite aktivnosti na nas srednoskolciteСара Ташкоска, ученичка СУГС „Никола Карев“ - Скопје

Ако некој на нас средношколците би ни го поставил прашањето што да направиме нашите средношколски денови да изгледаат поинтересни, одговорот би бил: Да имаме активности што се од наш интерес, надвор од школото.

Кога имаме можност сите наши ставови, размислувања и емоции да се спојат, кога сите ќе бидат сериозно ангажирани и ќе дадат сѐ од себе – тогаш се раѓа љубов која, како во нашиот случај, ние ја нарекуваме ,,Свирложба''.

Станува збор за настан со кој на учениците во скопската гимназијата ,,Никола Карев" веќе седум години им се дава шанса на учениците на еден креативен начин да си ги искажат размислувањата и ставовите на одредена тема. Се пее, се глуми, се црта. Се дружи.

,,Свирложба" за мене претставува едно прекрасно и многу важно искуство на кое што секогаш ќе се сеќавам, пред сѐ затоа што се запознаваме и зближуваме меѓусебно, а воедно поминуваме низ еден неверојатен процес за да стигнеме до крајниот продукт.

Интересно е тоа колку учениците се заинтересирани и ангажирани за нешто што се случува надвор од школските клупи, иако тоа навидум изгледа напорно и здодевно. Целиот ангажман околу ,,Свирложба" бара многу посветеност и откажување од вообичаените рутини и начин на живот кои го имаме ние средношколци, но истовремено ваквото дружење не учи и на одговрност.

Сметам дека средните училишта треба да дадат простор и да тргнат во правец на огранизирање на вакви настани. На нашиве простори секако дека има многу талентирани деца со кои треба да се работи, а овој еден од начините да се направи тоа и да дојдат до израз нивните таленти.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk