Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

nedostatoci na naseto obrazovanieСтефан Илиовски, СОУ „Здравко Чочковски”, Дебар

Образованието е нешто што се задржува за цел живот. Стекнувањето на добро образование може да влијае врз личниот живот, животот на заедницата и целата генерација. Од тука се јавува потребата да бараме што не чини суштински во образованието, во општествените вредности, во она што се смета за морално исправно. Затоа треба да бидеме што е можно пообјективни и не треба да глумиме дека го поддржуваме, ако сакаме нели да го „преживееме" образовниот процес. 

Да почнеме од тоа дека образованието треба да биде темел на општеството. Од тука произлегува фактот дека во него треба да работат најквалитетните кадри, кои ќе бидат добро мотивирани и платени и на тој начин ќе се подобрат многу работи во државата. Токму тоа се едни од неколкуте недостатоци во нашето образование, односно мотивацијата и плаќањето, што значи наставните кадри треба да се подобро платени. Покрај ова, како недостатоци исто така можат да се вбројат и: лошите работни услови, руинираните училишни објекти, оштетениот и амортизиран инвентар, лошата хигиена во училиштата, недоволната употреба на нагледни средства и електронски помагала. Сите овие недостатоци треба да се земат во обзир и да се решат на соодветен начин.

Како друг недостаток, треба да се спомене и употребата на мобилни телефони за време на часовите. По примерот на Франција, треба и кај нас да се забрани употребата на телефоните додека трае наставата и таа забрана треба да се однесува и на учениците, но и на професорите. Пет-шест часа во денот сите можеме да издржиме без телефон.

 На децата им се дава премногу домашна работа, иако тие на училиште се во целодневен престој, кој подразбира завршување на најголем дел од обврските таму. Премногу домашни доведува до непродуктивност и намалување на креативноста. Домашната работа е позитивна и ефективна, меѓутоа само доколку таа се дава контролирано и во граници на сработеното.

Кабинетите треба да бидат поопремени за кабинетска настава и  90 отсто од наставата треба да се одвива во нив, а домашните да бидат намалени според примерот на некои скандинавски земји, кои целосно ги имаат исклучено домашните обврски и само проектите ги обработуваат дома.

Учењето низ игра и поттикнувањето на креативноста мораат да бидат повеќе застапени во  училиштата и на бесплатните учебници да се гледа како на позитивна работа која не треба да се злоупотребува.

Исто така,треба да се зголеми посветеноста на учениците во наставата и нивната лична свест кон образованието и едукацијата да порасне.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk