Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Obrazovanie abe ajde melani cvetkovskaМелани Цветковска, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Денес да си ученик со сите петки и притоа со стабилно ментално здравје, тргајќи ги настрана сите непреспиени ноќи поради недостаток на време за да постигнеш сѐ е причина за големиот притисокот со кој се соочуваат учениците и којшто доведува до депресија, анксиозност, стрес и несамодоверба.

И токму во периодот на оформување на нас како личности, ретко кој од училиштните установи седнал за да поразговара со нас, да ни даде совет, да ги ислуша нашите маки, дилеми, сништа, да нè посочат како да бидеме луѓе. Прават од нас механички суштества кои се програмирани да решаваат некои си задачи по точно определена постапка не давајќи ни ни можност да го рашириме видикот и да најдеме некое наше креативно решение на проблемот.

И тука ние со нашите 15-18 години самите се градиме во неколку типови на луѓе:

  1. Оние коишто чекаат мама и тато да дојдат и да си напрват еден убав муабет со веќе ним познатите професори;
  2. Оние коишто си тераат како што ќе им кажат и се пасивни гледачи на сопствениот живот;
  3. Оние коишто се борат против овој не ефикасен образовен систем, ја знаат моќта на својот глас, го употребуваат и со сите сили гласно викаат дека вака веќе не може!

Како еден од актерите во претставата „Образование?! Абе ајде!“, гордо велам дека мојот глас беше слушнат, од веќе стотици луѓе, чиишто изрази на лица додека го кажувавме гласно сè она што го криеме во нашите глави за време на еден час кажуваше дека многу од нив се веќе свесни за овој проблем и можеби и ќе ги поттикнеме да направат нешто околу тоа.

Дел од пораките кои ги испративме и го кажавме она што се крие во нас, ги пренесувам и на ова парче хартија: „Помалку ли вредам ако не знам да решам една биквадратна равенка?", „Кој ќе зборува со нас за хормоните сексуалноста? Или вечно ќе се криеме зад кориците на некоја книга?", „Слабак ли сум ако чувствувам", „Не јас никогаш нема да бидам втор, секогаш ќе имам што да кажам!", „Не затворајте нè во кафез, дозволете ни да летаме со сопствените крилја", „Тоа сум јас, едноставноста на комплицираното или комплицираното на едноставноста, но тоа ме прави различна од сите други", „Нас ни фали емпатија, исто толку колку и вам. Не нè гледајте низ вашата проекција за нас", „Образованието почнува, тогаш кога ќе го напуштиме училиштните клупи".

Тажно е што во времето на нашите најубави години се градат тажни личности осудени на трепет и страв, а во нив се кријат емоции кои наместо да градат пурпурни неба ќе бидат вечно заклучени во напукнатите срца, осудени на бура.

И уште потажно е, што образованието нè учи само на некои си строго дефинирани дефиниции кои за неколку месеци се веќе заборавени, бидејќи се далечни за нашите сфаќања.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk