Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Klimentina Ohrid jmvЖивеејќи во ова модерно и брзо време, живеејќи во 21 век, постојано сме подложни на промени, но истовремено и пливаме во море од норми кои ни се наметнуваат и од нас се очекува шаблонски да ги исполниме.

JAS MISLAM VAKA Ilina Dimovska VelesfНа почетокот на моите тинејџерски денови слушав, но и денес сѐ уште слушам рок и метал музика. Меѓутоа, поради немањето други можности и недостигот од алтернативни сцени за време на ноќниот живот, му „дадов“ шанса на турбофолкот, кој доминира во малкуте ноќни клубови во Велес.

JAS MISLAM VAKA FilipfПовеќето од индивидуите се заробени во занданите на општествената немилосрдност и непокорните доследни следбеници на патријархалната „забуна“ во која живееме, но згора на сѐ и со гордост ја полеваат конзервативноста врз нашите мозоци. Најчесто тие се личностите во кои домашните сакаат да нѐ идеализираат и насликаат во иднина, а воедно и да нѐ вклопат во строго утврдената рамка на општествените бунила.

JAS MISLAM VAKA Ivana Krstik Orce NikolovfПотфрли македонското образование, на истиот начин како што потфрливме и самите ние, директно инволвирани во тој процес на учење и градење на индивидуи. Се измести очекувањето дека сето она што е напишано набрзина во милион стратегии и програми, на нас учениците ќе ни овозможи да се разбудиме со критички став. Да ја осознаеме важноста на восприемање на информациите кои ги добиваме, особено од медиумите, и да бидеме способни да дејствуваме на начин кој ќе покаже дека сме зрели во тоа поле.

MarijaOhridЕдна мисла што неодамна ми се вртеше во главата седејќи во школските клупи беше тоа дека ние станавме роботи на образовниот систем. Исто како што сите дискутираат на темата дека технологијата нѐ има направено роботи и дека живееме во виртуелен свет, ние, за жал, стануваме и роботи на образовниот систем. 

Ana GeorgiDimitrovИднина. Зарем не е тоа она кон кое копнееме, кон кое со секој изминат ден, секоја измината минута, секоја секунда чекориме? Без разлика на сегашноста, секогаш останува надежта за некое подобро утре, која нè тера да продолжиме да се бориме.

Ana GevgelijaОтсекогаш било важно младите да бидат задоволни, реализирани, да имаат услови во кои ќе ги остваруваат своите афинитети без оглед дали станува збор за оние кои живеат во големите метрополи или за мало место како што е моето, Гевгелија.

bojan kitanovicБеше студен мајски ден и часовниците отчукуваа 25 часот. Да, добро прочитавте. Дваесет и четвртиот час е толку старомоден веќе. Сите живееме еден час понапред. Трчаме низ нашето сиво секојдневие. Градите ни се полнат со воздух. Црвенилото полека доаѓа до образите. Солениот вкус на потта е измешан со малку надеж и доза на разочарување.

emilija velickovskaСекој од нас на свој начин ги исполнува своите морални должности и на карактеристичен индивидуален начин се искачува по скалилата на животот. Треба да умееме да се соочиме со сите нешта низ кои треба да минеме во тек на животот, треба да најдеме сили во себе кои ќе нè водат напред и со кои ќе успееме да останеме победници во животната игра.

Доротеа Огненовска, СУГС Гимназија. „Јосип Броз Тито“ Скопје

jas mislam vaka doroteaСтварно не знам што се случува со градов. Чувствувам како го проголтал секој човек, кој стапнал на неговиот свод. Отсекаде се појавуваат нови нешта. Воопшто не им го знам изворот и редоследот. Лево или десно, напред или назад.

Јоана Тренеска, матурантка во „Орце Николов“ Скопје

joana slikaНа матурантиве веќе не е во мода да им се постави прашањето: “Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?”, туку директива се оди на: “Тука или странство?” Ако одговориш УКИМ, следува кисела фаца и нажалени очи велејќи: “Се гледаме на каса во некој супермаркет”. А ако спомнеш некоја некоја друга држава, било која, дали Германија дали Катар исто е, и некое фенси универзитетско име, добиваш воодушевени, занесни погледи.

Тони Аврамов, професор во гимназијата „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија

vovednik toni avramovЧекорот кон иднината е чекор на прифаќање на неизвесноста и сè она што ќе ја зачини нашата потреба. Но иднината се храни од нашата глад кон знаења, откривања, создавања. 

Автор: Ангела Маџар, ученичка во II-3, ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид

andzelaЖивотот е море од желби, а кормилото на животот води кон нови случувања, гради кула од среќа за испружените раце кон неа. Со раце полни желби да создадеме свет во којшто секој ќе го чувствува мирисот на убавото време и вкусот на љубовта и среќата. Сакам да живеам во соништата, да чекорам во безгрижноста, да сонувам во стварноста, зашто и јас ја носам желбата на секој зачекорен во младоста.

teodora todorovskaДенот кој учениците од прво одделение, па се до четврта година во средно образование нетрпеливо го чекаат е 10-ти јуни. За нив тогаш започнува летниот распуст кој трае се’ до 1-ви септември. Конечно деновите ги поминуваат како тие сакаат, без книги, без тестови, без испрашувања. Сте се запрашале ли што всушност учениците прават за овој долг и топол распуст?-Каде го поминуваат времето?

Тамара Ќупева, професорка во СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје

tamara-kupevaДа! Тежок е патот до слободата кога живееш во свет на правила. Уште потешко е  да му ги носиш на светот своите идеи, ако тие се поинакви, поразлични, нови.

Ана Ѓорѓиева, III-3, СУГС „Георги Димитров“

ana-gjorgjievaЕдинствената гаранција за креативно утре ни е имагинацијата. За жал многу од родителите го забораваат тоа и им ја намалуваат имагинацијата на децата бидејќи со помош на интернетот се им е дадено без можност за нивна експериментација. Исто така во денешно време и ние, самите средношколци, не си го приредуваме тоа уживање да се замислиме во ликот на книгата која ни била дадена за читање на училиште или да си ја читаме во слободно време.

Ана Јанева, СОУ „Јане Сандански“ - Струмица

Секој би посакал иднина исполнета со среќа, љубов, пари. Иднина во која низ целиот свет ќе владее мир, ќе престанат воените судири во кои секој ден умираат милиони луѓе, умираат милиони луѓе и од глад, болести, насилство... Вашата иднина ја кроите со сопствените избори. Обидете се од вашата иднина да направите вистинско ремек дело. За да си ја создадете иднината што ја сакате треба да го извлекувате најдоброто од себе, да давате се од себе, доволно да се борите.

Васко Гичевски, трета година, ОСУ „Таки Даскало“ - Битола

vasko-gichevskiПод влијание на играта на судбината или пак под играта на свесниот, но не секогаш разумен човеков ум пред нас се постави една слика на ученици надвор од училишта и училишта без ученици. Се обвистини еден од пострашните, но не без последици кошмари на педагогијата да не се спроведува организираниот процес на воспитание и образование на учениците односно наставата.

Мартин Николовски, СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола

martin-nikolovskiПериодов образованието во Македонија го одбележуваат многубројни настани. Протести, штрајкови, маршеви, бојкот на настава... Некои барања се исполнети, а за други ниту глас не се слуша. Учениците се во дилема: „Дали образовниот процес во Македонија замина во ќорсокак?“.

Тамара Стевковска, трета година, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“

tamara-stefkovskaВе прашувам бидејќи сакам да знам, а не можам да ве идентификувам и препознаам. Почнав да читам натписи, изјави и пак не открив кои се тие што одлучуваат какво средно или високо образование ни треба.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk