Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Петар Барлаковски IV-5, СУГС Гиманзија „Раде Јовчевски-Корчагин“ - Скопје

petar-barlakovskiКога првпат ќе го слушнам зборот екстерно, веднаш помислувам на необјективност. Кога втор пат ќе го слушнам зборот екстерно, помислувам на дисфункционално образование. Кога веќе трет пат ќе го слушнам зборот екстерно, не помислувам ништо, туку сфаќам дека „не го бива“.

Душица Петровска, професорка во СУГС „Јосип Броз Тито“

dushica-ristovskaВо атмосфера со накитени улици и излози, полни кафулиња од кои „трешти“ гласна музика и редици граѓани по маркетите се одбележуваат последните 365 дена од оваа година. Кифлички и руска салата, сарма, нешто мрсничко, торта и како што е ред за да биде среќна новата година и водка, виски, вино.

Христина Христовска, 2-3, СУГС „Орце Николов“

hristina-hristovska„Сакам да заминам од тука“ и „Сакам да живеам во странство“ се едни од најупотребуваните реченици на младите во нашава земја. Зарем не е тажно тоа што денес секој гледа да замине од нашава татковина, а во минатото гледале да се изборат за неа?

Султана Јовановска, IV-4,  СОУ,,Јане Сандански” – Струмица

sultana-jovanovskaТи го праќам ова писмо уште од сега за да имаш време да размислиш и да видиш што ќе правиш со моите желби. Првпат ти пишувам, те молам земи ме в предвид.

Миа Петровска 3-7, СУГС „Никола Карев“ - Скопје

mia-petrovskaЧувствувам како тонеме во жива кал и тоа ме прави несреќна, па се колебам дека воопшто постои стабилно копно.Материјализмот ги јаде луѓето од внатре- тие се како скапано јаболко. Убави од надвор,но трули во внатрешноста. Под оклопот на фини луѓе и пријатели се скриле несигурни мали деца кои се трудат се` да направат со пари.Купи си другаре, купи си гардероба, накити се со звања...Но, каде е тука човекот? М?

Марија Пауноска, IV-1, СОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар

marija-paunovskaЉубопитноста е тригерот кон подобро утре. Со неа човекот успева да ја извлече науката од своите пори и со неа да отвори нови патишта кон иднината. Слободата на човекот му овозможува душевно и физичи да се пронајде себе си. Да ја пробудиме свеста во нас, да го смениме нашиот менталитет и да го направиме светот поубаво место за живот, клучот е во нас и само од нас зависи.

Никола Ивановски, 4-4 СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

diskriminacija-gimnazijalciДо пред некое време да се биде гимназијалец беше чест, затоа што тоа значеше дека ќе си добар ученик и дека ќе си дел од престижно училиште и кадешто ќе стекнеш базично образование со кое ќе зачекориш кон портите на државните универзитети.

Миа Георгиевска, IV-10, СУГС „Јосип Броз Тито“

mia-georgievskaДа учиш во едно од најдобрите средни училишта во Скопје не е ни малку лесно, но да учиш во германската паралелка на вакво училиште е вистинска привилегија. Ние не сме ниту досадните бубалици, ниту најпознатите фаци во Скопје, но сме оние кои ја претставуваат новата генерација на успешност во двете полиња – училиште и приватен живот. Во следните испишани редови сакам да го претставам училишниот живот на ученците од оваа паралелка и да упатам благодарност до сите оние кои секогаш беа тука за нас.

Илија Тоневски III-7, СУГС „Орце Николов“

ilija-tonevskiКлише ли ќе биде да пишувам пак дека нашиот град е исполнет со хулигани и шмизли? Има ли воопшто причина да излегувам од овој шаблон на мејнстримизација? Има ли нешто што остана во нашево Скопје што заслужува да биде пишувано? Имаме ли ние нешто што ќе им раскажуваме на нашите внуци за тоа како било во наше време? Ќе има ли воопшто наше време? Безброј прашања, а ниеден одговор кој ќе го стивне пламенот на љубопитноста.

Екатерина Плескоњиќ, професорка во СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“

ekaterina-pleskonjikjМОЌ, три букви, малку се на број, но со значење и силина која може да ја  придвижи целата Вселена. Дали некогаш сте се запрашале кој ја поседува таа моќ? Кој е тој или таа? Дали тоа е радоста, тагата, среќата, несреќата или можеби се` заедно. Кој ја има таа привилегија во исто време да биде Ваш креатор, но и Ваша креација, Ваш сон, но и Ваше јаве, Ваша мечта, но и Ваша реалност, Ваша насушнa потреба, Ваша присутност, но и Ваша отсутност.

Атанас Аврамов, IV-1, СОУ „Богданци“

atanas-avramovОпштествената заедница е апстрактна арена во која се борат нашите стравови и нашето вистинско его, кое е истоштено од криење на неговата содржина поради претпоставената осуда од мистичните очи кои трепкаат во темнината. Лицата на младите станаа отворена книга за креативност која е заробена во границите воспоставени од општеството за да се создаде една хомогена смеса од луѓе.

hristina-najdovskaЧесто по медиумите, а и во секојдневниот живот слушаме за проблемите со кои се справуваат луѓето од типот на малолетничка останала трудна, жените од руралните средини трпат сексуално малтретирање или пак хомосексуалците се мета на психичко и физичко насилство. Може и комшивката да се справува со вакви проблеми, може и нашата соученичка сака да направи абортус или пак нашиот другар сака да се депилира. Велат луѓето, тоа не е нормално. А која е дефиницијата за нормалност? Она што за пајакот е нормално, за мувата е убиство. Додека молчиме, можеме и ние да бидеме епицентар на овие проблеми.

Исток Улчар, 4-10, СУГС „Јосип Броз Тито“

istok-ulcar-3Знаеме дека видот на поезијата игра голема улога во тоа какво место таа ќе заземе во општество, но и нејзиниот пласман кај публиката игра голема улога. Во нашево модерно општество, поезијата ќе биде многу повеќе слушната или прифатена ако е сервирана во облик на текст од музичка композиција. Рап-музиката, која најмногу се концентрира на текстот од сите останати популарни музички жанрови, веќе одамна има земено голем замав и има извршено големо влијание кај својата публика, која е составена од голем број мои врсници.

Дејана Попоска, IV-8, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“

dejana-popovskaСите бевме панкери, кога беше „фора“. Панкот долго беше на апарати за дишење, ама умре. Турбофолкот е тој што не е мртов. Во најдобри години е и без „лична“, го пуштаат по дискотеки. Е сега, едно круцијално прашање: Колку промили нè делат од „Што им е на селанкиве?“ до „Тоо Цецооо“ расположение?

Дамјан Алексовски, IV-5, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

damjan-aleksovskiЗошто спортот и спортските активности полека се бришат од нашите дневни планови и нашите листи на желби?
Да, сите ние, со чест на исклучоците, сите ние млади, прави, здрави во развој, со целата наша младешка сила. Зошто е полесно да најдеме друштво за во нашата локална кафеана или за во паркот во близина, за да пивнеме некоја флашичка евтино вино отколку да најдеме партнер за трчање или екипа за 5 на 5 во сала?

Султана Јовановска, IV-4,  СОУ,,Јане Сандански” – Струмица

jovanovskaсВо градинка не беше праведно што дел од моите врсници правеа што сакаа, додека останатите мораа да ги  почитуваат правилата, истото се случуваше во основно, а сега и во средно. Но, што е тоа што ги тера некои ученици да уживаат повеќе права од другите, дали постои нееднаквост помеѓу нас?

Пратениците Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Нора Алити од ДУИ на дебата организирана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста дискутираа со средношколците за нивниот активизам.

Елена Гелебешева II1, СУГС Гимназија „Орце Николов“- Скопје

elenaЕј вие,  дечко... девојко! Да, вие, на сепарето, со телефоните во рака. Што има ново на твитер и фејсбук? Или можеби токму сега „ставате“ чек-ин? Или пак сликате за снепчет и инстаграм? Гледајте пред себе, кафето ви се олади, а ладното кафе не е пријателско кафе. Се сомневам дека разменивте два-три збора помеѓу себе. Што ви беше последниот муабет? Не се сеќавате, нели?

Елизабета Коцарева, IV-2, СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш

elizabeta-kocarevaМисли и тела оставени да се движат низ пранги на застарено патријархално општество. Дури и архитектурата наоколу ни е во правопропорционален сооднос со општествените ставови во кои сме заробени. Монотони трубења на вести, секој ден, ексклузивно во истиот термин, после ручек и за време на вечера.

Ана Јанева, СУГС Гиманзија „Георги Димитров“

ana-janevaВистински предизвик е да се посети една од најразвиените, водечки земји во светот, која своето влијание успева да го наметне насекаде, но и земја која е богата со убавини и различни нешта кои можат да се видат, а во сопствената земја ги нема или се многу поразлични. Токму Германија беше нашата дестинација овој јули преку програмата за размена на ученици и впечатоците кои ги стекнавме таму се бесценети.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk