Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

naptrevarГрадот Скопје годинава првпат го реализира проектот за поддршка на натпревари по повеќе наставни предмети кои традиционално се спроведуваат од акредитирани здруженија за организација на натпревари во средните училишта.

Поддршката е наменета за учениците, средните училишта и здруженијата кои се учесници на натпреварите на локално ниво за повеќе наставни предмети, а со цел поттикнување на натпреварувачкиот дух и продлабочување на знаењата на учениците во различни области преку нивна промоција и наградување.

Градот Скопје ќе обезбеди финансиска поддршка на средните училишта-домаќини на регионалните натпревари во скопскиот регион и ќе организира завршна свечена манифестација за промоција и доделување награди и сертификати на највисоко рангираните средношколци од средните училишта, кои освоиле едно од првите три места на натпреварите на регионално ниво.

Улогата и соработката на вклучените страни во проектот е дефинирана со Меморандум за соработка склучен помеѓу Градоначалникот на Град Скопје и претседателите на 12 акредитирани здруженија за организирање на натпревари по различни наставни предмети, и тоа:

1. Здружение на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Р.Македонија;

2. Здружение на информатичари на Македонија;

3. Друштво на биолози на Р.Македонија;

4. Асоцијација на наставници по англиски јазик на Р.Македонија;

5. Здружение на класични филолози „Антика“;

6. Сојуз на друштва за македонски јазик и литература на Р.Македонија;

7. Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија;

8. Здружение на професори по француски јазик на Р.Македонија;

9. Друштво на физичарите на Р.Македонија;

10. Здружение на наставници по германски јазик и книжевност на Р.Македонија;

11. Сојуз на математичари на Р.Македонија;

12. Македонско географско друштво.

Во рамки на оваа соработка досега се реализирани натпревари по следниве наставни предмети: германски јазик, англиски јазик, македонски јазик, хемија, географија, француски јазик, информатика, математика, предмети од електротехничката, машинската и сообраќајната струка, физика и билогија.

На регионалниот натпревар по германски јазик учествуваа ученици од училиштата од скопксиот регион, а најдобро рангирани се следниве:

Стефани Јосифиовска, СУГС „Георги Димитров“

Марија Атанасова, СУГС „Јосип Броз-Тито“

Ангела Василевска, СУГС „Јосип Броз-Тито“

Домаќин на регионалниот натпревар по англиски јазик беше средното училиште на Град Скопје „Јосип Броз Тито“ и на истиот најдобро рангирани се следниве ученици:

Ардит Бина, СУГС „Јосип Броз-Тито“

Мартин Ѓуревски, СУГС „Јосип Броз-Тито“

Еди Фрцовски, СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“

Регионалниот скопски натпревар по македонски јазик се одржа во ПСУ „Алгоритам“ Скопје, а победници на натпреварот се:

Мила Виларова, ПСУ „Јахја Кемал“

Марта Хаџиевска, ПСУ „Интернационално средно училиште“

Фросина Неделкова, СУГС „Никола Карев“

Стефан Јовановиќ, СУГС „Кочо Рацин“

Регионалниот натпревар по хемија се одвиваше во просториите на Природно-математичкиот факултет, а учениците се натпреваруваа во четири категории. Најдобро рангирани ученици од натпреварот по хемија се:

Нјомза Селмани, ПСУ „Јахја Кемал“-Карпош

Филип Трајковски, СУГС „Р.Ј. Корчагин“

Синиша Јовиќ, ПСУ „Јахја Кемал“-Автокоманда

Елена Стефова, ПСУ „Јахја Кемал“-Автокоманда

Тамара Савевска, ПСУ „Јахја Кемал“-Автокоманда

Натпреварот по географија беше организиран од страна на Македонското географско друштво, а домаќин на истиот беше средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.

Победници на регионалниот скопски натпревар по географија се учениците:

Горѓи Димитровски, СУГС„Раде Ј.Корчагин“

Маца Мурат, СУГС„Кочо Рацин“

Олга Дамовска, СУГС„Георги Димитров“

На регионалниот натпревар по француски јазик, кој се одржа во просториите на Филолошкиот факултет, учениците се натпреваруваа во три категории.

Највисоко рангирани ученици на натпреварот се:

Ана Черепналковска, СУГС „Орце Николов“

Филип Поповски, СУГС „Васил А. Дрен“

Мартина Бошковска, СУГС „Р.Ј. Корчагин“

Натпреварот по информатика за учениците од Скопскиот регион се одржа на Приридно-математичкиот факултет и на истиот учествуваа вкупно 56 ученици од средните училишта на подрачјето на Град Скопје, кои се натпреваруваа во четири категории.

Највисоко рангирани по категории на натпреварот се:

Арсениј Перцоф, ПСУ „Јахја Кемал“-Автокоманда

Дамјан Постоловски, СУГС „Р.Ј. Корчагин“

Марија Василева, ПСУ „Алгоритам“

Стефан Стефановски, ПСУ „Алгоритам“

Регионалниот натпревар по математика се одржа во СУГС „Никола Карев“ и на истиот се натпреваруваа вкупно 170 учесници во четири категории.

Највисоко рангирани ученици се следниве:

Никола Даневски, ПСУ „Јахја Кемал“-Автокоманда

Надежда Илиева, ПСУ „Јахја Кемал“-Автокоманда

Тамара Митровска, ПСУ „Јахја Кемал“-Автокоманда

Деспина Томашевска, СУГС „Р.Ј. Корчагин“

Филип Селамовски, ПСУ „Интернационално средно училиште“

Стефан Петревски, Гимназија „Нова“

Весна Дејановска, ПСУ „Јахја Кемал“-Бутел

Благица Јанева, ПСУ „Јахја Кемал“-Бутел

Регионалниот натпревар по предмети од електротехничката, машинската и сообраќајната струка се одржа во СУГС„ 8 Септември“, а највисоко рангирани се следниве ученици:

Стефан Димовски, СУГС „Боро Петрушевски“

Радмила Сенева, СУГС „Боро Петрушевски“

Светлана Станојковиќ, СУГС „Боро Петрушевски“

На регионалниот натпревар по физика најдобро рангирани кандидати во четирите категории се:

Илија Тавчиоски, ПСУ„Јахја Кемал“

Душан Терзиќ, ПСУ„Јахја Кемал“

Дејан Максимовски, ПСУ„Јахја Кемал“

Елена Мерџановска, СУГС„Орце Николов“

На регионалниот натпревар по биологија, кој се одржа во просториите на СУГС„Јосип Броз Тито“, најдобро рангирани ученици се:

Лилјана Славевска, СУГС„Георги Димитров“

Христина Владевска, СУГС„Јосип Броз Тито“

Марија-Магдалена Лазовска, СУГС„Јосип Броз Тито“

Сара Трајчевска, СУГС„Јосип Броз Тито“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk