Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

1-1Биди толерантен!, Сакај ги сите!, Имај соживот! беа дел од пораките испишани на балоните со кои средношколците од „Орде Чопела“ испратија јасни пораки против говорот на омраза во центарот на Прилеп. Тие испуштаа бели балони со позитивни изјави и црвени балони со негативни изрази.

-Изведбата е граѓански одговор на говорот на омраза во услови кога сите имаме право на избор да го искажеме своето мислење. Нашата акција, симболично, преку избирање бел балон со порака на толеранција ги поттикна граѓаните да размислуваат и да испраќаат позитивни пораки, вели педагогот Тереза Златеска Трајкоска, која заедно со професорката Јасмина Петреска беа иницијатори и организатори на настанот.

Целта беше да се укаже на потребата од толеранција, соживот и меѓусебно почитување кон сите луѓе без разлика на професијата, возраста, националноста и етничката припадност.

Елизабета Пирганоска, професор по македонски јазик и литература
во СОУ „Орде Чопела“, Прилеп

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk