Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

ping pong nhТочно 85 ученици од десетина града од Македонија се натпреваруваа на државното првенство за средни училишта во стрелаштво, а 38, пак, на првенството во пинг-понг.


strelastvo nhУчениците стрелаа во четири серии по пет дијаболи, во машка и во женска конкуренција. Од средношколките како најдобра се покажа Викторија Тренчевска од прилепското училиште „Мирче Ацев“, а веднаш зад неа се пласира Јана Маркоска од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“. Третото место го освои Сара Томеска, средношколка во скопското училиште „Панче Караѓозов“.


Во машка конкуренција, првите две места ги освоија двајца ученици од прилепската гимназија, Антонио Николоски и Емануел Сеичоски, додека како трет заврши Бојан Симитчиев од средното училиште „Орце Николов“ во Скопје.


Овој натпревар се одржа во Охрид во текот на ноември.


Државното првенство за средношколци во пинг-понг, пак, се одржа во Кавадарци, исто така во машка и во женска конкуренција.


Од средношколките, две ученички од училиштето „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка ги освоија првото и третото место, Анета Станковска, односно Ангела Стаменковска. Второпласирана беше Ива Димитриевска од кумановската гимназија „Гоце Делчев“.


Исто како во женската, и во машката конкуренција за првото место се избори ученик од Крива Паланка, Филип Костадиновски. Второпласиран, пак, беше Александар Рикакоски од „Мирче Ацев“ во Прилеп, а зад него на третото место се најде Методиј Бужаровски, ученик во скопската гимназија „Никола Карев“.


Првите две места во сите конкуренции од двете државни првенства се здобија со учество на спортскиот камп што секоја година го организира Агенцијата за млади и спорт.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk