Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

KADE BEVME Valandovo01 nhНе можат да се пофалат дека имаат големо училиште, но дека тоа е навистина богато можат. За тоа ќе наведат низа аргументи, ќе покажат и ќе докажат.


KADE BEVME Valandovo01 nhВелат, училиштето функционира како една фамилија во која сите членови се исти, без оглед на етничката припадност или социјалната положба во општеството. Часовите, пак, ги одржуваат во современо опремени кабинети, а за презентирање на наставниот материјал се задолжени триесетина професори.


Тие со гордост раскажуваат дека нивното училиште постои повеќе од педесет години. За прв пат училишното ѕвонче заѕвонило во учебната 1960/61 година. Меѓутоа тогаш било наменето само за учениците кои имале желба да запишат средно земјоделско, а различно било и името на училиштето, се викало „Каме Полизов“.


Така останало во наредните десетина година, а од 1972-та покрај земјоделската струка, биле воведени и гимназиските паралелки, па од средно земјоделско училиште тоа прераснува во Училиштен центар за средно образование. Запаметена ќе биде и 1991-та, бидејќи старата зграда добива ново руво, односно училиштето било реновирано, а е дограден и нов дел.


Денес средното општинско училиште во Валандово го носи името на личноста која, како што велат учениците-историчари, била срцето на револуционерна Македонија, Гоце Делчев.


Дел од учениците во него учат во гимназиските паралелки, но постои и земјоделско-ветеринарна струка, односно таму се калемат образовните профили за лозаро-винарски техничар и техничар за фармерско производство.


KADE BEVME Valandovo02 nhПостоењето на овие стручни насоки е и еден од главните „виновници“ што средношколците во валандовското училиште „Гоце Делчев“ можат да се пофалат и со сопствена живинарска фарма во која произведуваат јајца, мини винарница, како и ниви со разни насади.


Во нивниот имотен лист се запишани хектар и пол лозов насад, шест хектари житници и половина хектар пченка. Во рамките на практичната настава, заедно со нивните професори, учениците го кројат лозјето и ги жнеат житото и пченката. За да ги завршат обврските ја користат и земјоделската механизација со која располага училиштето.
Исто така, на површина од еден хектар имаат и јапонско јаболко и калинки.


На ова училиште не му недостигаат ниту активностите на меѓународен план. Вклучени се во низа проекти, меѓу нив и оние од програмите „Еразмус“, благодарение на кои учениците заминуваат на практичка обука во Бугарија, а соработуваат и со винарницата „Бахус-Тенерифе“. Тука се и проектите „Заедно можеме“, „МИО“ итн.

Автор: Елена Москова, ученичка во СОУ „Гоце Делчев“, Валандово

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk