Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

TEMA ZA DILEMA1 nhКол­ку вре­ме мла­ди­те по­ми­ну­ва­ат на Ин­тер­нет и да­ли се свес­ни за мож­на зло­у­по­тре­ба на нив­ни­те фо­то­гра­фии, да­ту­ми на ра­ѓа­ње, адре­си и дру­ги лич­ни по­да­то­ци е те­ма на ко­ја во Ма­ке­до­ни­ја ре­чи­си и да не се на­пра­ве­ни по­се­ри­оз­ни истра­жу­ва­ња.

TEMA ZA DILEMA1 nh„Он­лајн“ е ста­ту­сот во кој им по­ми­ну­ва го­лем дел од нив­но­то се­којд­не­вие, но исто та­ка по­ве­ќе­то сме­та­ат оти се за­поз­на­е­ни со опас­но­сти­те што ги дем­нат во сај­бер-про­сто­рот е впе­ча­то­кот што го до­бив­ме од на­ши­те раз­го­во­ри со не­кол­ку сред­но­школ­ци.

- Не­ма ден, а да не се вклу­чи­ме на со­ци­јал­ни­те мре­жи за да про­ве­ри­ме што има но­во, што по­сти­ра­ле на­ши­те при­ја­те­ли. Ин­тер­не­тот го ко­ри­сти­ме се­којд­нев­но, но мис­лам де­ка ре­тко кој од нас се гри­жи за тоа кол­ку е без­бе­ден иа­ко сме свес­ни де­ка мно­гу­ми­на зна­ат на­чи­ни ка­ко да вле­зат на ту­ѓи про­фи­ли и исти­те да ги зло­у­по­тре­бу­ва­ат. Сме­там оти е по­треб­но да се по­све­ти по­ве­ќе вни­ма­ние ток­му на на­ша­та си­гур­но­ста на Ин­тер­нет – ве­ли На­ди­ца Трај­ков­ска, уче­нич­ка во сред­но­то скоп­ско учи­ли­ште „Ра­де Јов­чев­ски-Кор­ча­гин“.

Дел од нив сме­та­ат оти лич­ни­те по­да­то­ци оста­ве­ни на со­ци­јал­ни­те мре­жи се нај­лес­ни за откри­ва­ње, а по­тоа и за зло­у­по­тре­ба, па се тру­дат да се за­шти­тат.

- Сво­ја­та при­ват­ност се оби­ду­вам да ја за­шти­там со тоа што вни­ма­вам што спо­де­лу­вам со дру­ги­те лу­ѓе, из­бег­ну­вам јав­но при­ка­жу­ва­ње на мои лич­ни по­да­то­ци, те­ле­фон­ски број, адре­са на жи­ве­е­ње, а ко­га на­и­ду­вам на не­поз­на­ти вни­ма­вам на ко­му­ни­ка­ци­ја­та или во­оп­што не ни ко­му­ни­ци­рам - об­јас­ну­ва сред­но­школ­ка­та Дра­га­на Ла­за­ро­ва од учи­ли­ште­то „Го­шо Ви­кен­ти­ев“ во Ко­ча­ни.

Спо­ред по­да­то­ци­те, пак, на Ди­рек­ци­ја­та за за­шти­та на лич­ни по­да­то­ци (ДЗЛП), еден од по­го­ле­ми­те проб­ле­ми по­вр­зан со при­ват­но­ста во сај­бер-про­сто­рот се фо­то­гра­фи­и­те. Тие истак­ну­ва­ат де­ка сред­но­школ­ци­те не обр­ну­ва­ат вни­ма­ние на спо­де­лу­ва­ње­то фо­то­гра­фии без сог­лас­ност сѐ до оној мо­мент ко­га ќе сфа­тат де­ка ста­ну­ва збор за би­о­ме­три­ски ли­чен по­да­ток.

Ток­му на­чи­нот на кој се об­ја­ву­ва­ат фо­то­гра­фи­и­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи е еден од ас­пе­кти­те што го истак­на и ИТ-ин­же­не­рот Де­јан За­фи­ров­ски.

- Пред не­кол­ку го­ди­ни ха­ки­ра­ње­то про­фи­ли и кра­де­ње­то по­да­то­ци бе­ше по­лес­но за раз­ли­ка од де­нес, би­деј­ќи по­сто­ја­но се над­гра­ду­ва­ат и усо­вр­шу­ва­ат без­бед­нос­ни­те си­сте­ми. Пр­ви­от че­кор за еден сред­но­шко­лец, но и за се­кој друг ко­рис­ник, да би­де по­без­бе­ден мо­же и тре­ба да го на­пра­ви са­ми­от. Пред сѐ, фо­то­гра­фи­и­те да не би­дат јав­ни, би­деј­ќи нај­че­сто се ко­ри­стат за лаж­но прет­ста­ву­ва­ње и кре­и­ра­ње дру­ги про­фи­ли, а се­ка­ко не тре­ба да ги оста­ва­ат ни­ту це­лос­ни­те да­ту­ми на ра­ѓа­ње, мо­бил­ни­те те­ле­фо­ни, адре­си­те - со­ве­ту­ва За­фи­ров­ски.

Слич­ни се и со­ве­ти­те кои ги да­ва­ат и од ДЗЛП, од ка­де што пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка ед­наш при­бра­ни­те по­да­то­ци на не­ко­ја веб-стра­ни­ца се ко­ри­стат, пре­пра­ќа­ат, но исто та­ка мо­жат и да се зло­у­по­тре­бу­ва­ат на без­број на­чи­ни. Ве­лат, те­шко мо­же да се утвр­ди што се слу­чу­ва со лич­ни­те по­да­то­ци кои цир­ку­ли­ра­ат во сај­бер-про­сто­рот.

Ди­рек­ци­ја­та во со­ра­бо­тка со сред­но­школ­ци­те од СУГС „Ни­ко­ла Ка­рев“, ми­на­та­та го­ди­на на­пра­ви­ле истра­жу­ва­ње во кое би­ле вклу­че­ни 548 уче­ни­ци од пр­ва до че­твр­та го­ди­на.

Дел од ре­зул­та­ти­те по­ка­жа­ле оти ти­неј­џе­ри­те не об­ја­ву­ва­ат, ама при­ма­ат про­во­ка­тив­ни со­др­жи­ни, на при­мер, око­лу 400 од нив при­ми­ле не­чи­ја про­во­ка­тив­на фо­то­гра­фи­ја на не­ко­ја со­ци­јал­на мре­жа, а без­мал­ку на 40, пак, им би­ла зло­у­по­тре­бе­на.

Од дру­га стра­на, пак, за­гри­жу­вач­ки е и по­да­то­кот де­ка ду­ри 388 уче­ни­ци има­ат лаж­ни про­фи­ли.

Ко­га ста­ну­ва збор, пак, за про­е­кти­те за за­шти­та, од ДЗЛП ин­фор­ми­ра­ат де­ка спро­ве­ду­ва­ле актив­но­сти за да ги за­поз­на­ат ро­ди­те­ли­те со проб­ле­ма­ти­ка­та пре­ку Со­ве­ти­те на ро­ди­те­ли во си­те сред­ни учи­ли­шта, а кре­и­ра­ле и во­дич со ме­ха­низ­ми за при­ја­ва на зло­у­по­тре­ба.

- Во­ед­но, се­кое сред­но учи­ли­ште има наз­на­че­но офи­цер за за­шти­та на лич­ни­те по­да­то­ци кај ко­го мо­же ди­рект­но да се обра­тат со цел ми­ни­ми­зи­ра­ње на по­вре­да­та на пра­во­то на за­шти­та на лич­ни­те по­да­то­ци во нај­брз мо­жен рок - ве­ли Лил­ја­на Пе­цо­ва од ДЗЛП.

TEMA ZA DILEMA2 nhДо­де­ка кај нас ре­тко мо­жат да се про­нај­дат по­оп­сеж­ни истра­жу­ва­ња на те­ма­та, по­го­ле­ми­от дел од европ­ски­те зем­ји се и че­кор по­на­пред. Ед­но од нив е спро­ве­де­но од мул­ти­на­ци­о­нал­на­та истра­жу­вач­ка мре­жа „ЕУ кидс он­лајн“, ко­ја е фор­ми­ра­на од стра­на на Европ­ска­та ко­ми­си­ја ка­ко дел од про­гра­ма­та „По­без­бе­ден Ин­тер­нет за де­ца­та“.

Истра­жу­ва­ње­то е на­пра­ве­но за де­ца­та од 11 до 16 го­ди­ни и е спро­ве­де­но на ме­ѓу­на­род­но ни­во, но Ма­ке­до­ни­ја не е дел од не­го. Спо­ред ана­ли­зи­те, де­ца­та се вклу­чу­ва­ат на Ин­тер­нет најм­но­гу пре­ку мо­бил­ни уре­ди, па за­тоа е те­шко за ро­ди­те­ли­те да ги сле­дат нив­ни­те актив­но­сти.

Се истак­на де­ка не се­кое ко­ри­сте­ње Ин­тер­нет да­ва бе­не­фи­ции. Па та­ка, до­би­ва­ње­то ко­рис­ни ве­шти­ни за­ви­си од во­зра­ста на де­те­то, по­лот, со­цио-еко­ном­ски­от ста­тус, кол­ку до­би­ва­ат под­др­шка од ро­ди­те­ли­те и ви­дот на со­др­жи­на­та ко­ја им е до­стап­на на Ин­тер­нет. Ко­ри­сте­ње­то на нив­ни­те ве­шти­ни во сај­бер-про­сто­рот не­сом­не­но ги во­ди кон одре­де­ни ри­зи­ци кои мо­жат се­ри­оз­но да им на­ште­тат. Иа­ко не се­ко­ја со­др­жи­на мо­же да пре­диз­ви­ка се­ри­оз­на ште­та, во истра­жу­ва­ње­то се на­ве­ду­ва де­ка мож­но­ста ед­но де­те да би­де воз­не­ми­ре­но на Ин­тер­нет за­ви­си од во­зра­ста, но и од от­пор­но­ста кон тоа што се слу­чу­ва во сај­бер-про­сто­рот.

- Де­ца­та најм­но­гу са­ка­ат да ги по­се­ту­ва­ат со­ци­јал­ни­те мре­жи, да „че­ту­ва­ат“, да го ко­ри­стат ви­де­о­ка­на­лот Јут­јуб и да игра­ат игри. Не­ма­ат го­ле­ма жел­ба да при­ка­чу­ва­ат до­ку­мен­ти на Ин­тер­нет, да чи­та­ат ве­сти или да пар­ти­ци­пи­ра­ат во вир­ту­ел­ни све­то­ви.

Во рам­ки­те на истра­жу­ва­ње­то, де­ца­та се пра­шу­ва­ни и што најм­но­гу им пре­чи на Ин­тер­нет, што ги воз­не­ми­ру­ва.

По­ме­ѓу клуч­ни­те со­др­жи­ни што ги воз­не­ми­ру­ва­ат се на­ве­ду­ва­ат дет­ска­та пор­но­гра­фи­ја, агре­си­ја­та, зло­ба­та, на­силс­тво­то кон пос­ла­би­те (жи­вот­ни и ма­ли де­ца). Мом­чи­ња­та изра­зу­ва­ат по­ве­ќе гри­жа за на­силс­тво­то откол­ку де­вој­чи­ња­та, до­де­ка де­вој­чи­ња­та се за­гри­же­ни за ри­зи­ци­те од вос­по­ста­ву­ва­ње­то кон­та­кти. Спо­ред ана­ли­зи­те, за­гри­же­но­ста на де­ца­та за он­лајн-ри­зи­ци­те дра­стич­но рас­те кај де­ца­та од де­вет до 12 го­ди­ни.

Але­ксан­дар Са­мар­џи­ски, но­ви­нар во „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk