Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

„Твориме, создаваме и зборуваме на македонски јазик“ е мотото на овогодишната манифестација што ја организираше средното училиште „Арсени Јовков“ од Скопје.


manifestacija11Станува збор за настан кој пред две недели се одржа во Драмскиот театар, а како што објаснуваат организаторите, главната цел е да се посочи потребата од негување и зачувување на македонскиот идентитет, односно македонскиот јазик кај најмладите, како и нивно насочување кон правилна употреба на македонскиот литературен стандарден јазик.


- Напливот од англицизмите, дијалектите, сленгот и жаргонот сѐ почесто претставуваат форми на јазикот со кој младите комуницираат. А клучот на нашето постоење е токму јазикот, бидејќи тој го претставува нашиот идентитет и се смета за животворен елемент на една нација - вели Јованка Лековска, директорка во СЕПУГС „Арсени Јовков“.
Таа истакнува дека јазикот е основниот идентитет по кој се препознаваме, по кој се идентификуваме.
- Нашите предци ни оставија во аманет да ги чуваме и негуваме нашата култура, традиција, обичаи, но и македонскиот јазик - вели Лековска.


Според организаторите, во програмата се опфатени повеќе сегменти од јазикот и неговата употреба, преку соодветни драматизации на македонски јазик во македонската поезија, македонскиот роман, македонскиот филм, македонската музика, во клише муабетите, во практиката, користењето на сленгот и дијалектите во секојдневната комуникација, англицизмите и термините од технологијата.


Влезниците за манифестацијата чинеа 50 денари, а сите собрани средства беа донирани за децата без родители од интернатот во ОУ „Гоце Делчев“ во Љубанци.


Розита Закева

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk