Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Елена Костовска е ученичка во СУГС ,,Никола Карев”, трета година и досега има издадено 10 збирки поезија, на своја 16 годишна возраст.
Од рецензиите за нејзината поезија, напишани од професор Мирјана Славевска, го дознаваме следново стручно мислење: „Нејзината интересна и необична поетска авантура бара придружба за да откриеме уште една несекојдневна вистина за нас, налик на спојување на уште една планина, до чиј врв ќе стасаме минувајќи низ питома убавина, но и низ сурови и опасни предели. Меѓу другото, младата, но веќе опитна поетеса, ќе покаже и познавање и сензибилтет за стихот на македонската народна песна. На овие стихови им посакуваме што побргу да се најдат меѓу читателите, да го добијат своето вистинско место во ризницата на македонското поетско богатство, но и да освојат и подалечни простори зашто тоа навистина го заслужуваат.


received 1565993876750082 1Засега Елена продолжува да го учи занаетскиот дел на книжевното творештво, како и сите потребни финеси од просторот на естетиката, членувајќи во литературната секција предводена од професор Билјана Костова. Елена, како творец, и Билјана како ментор, во меѓувреме учествуваат на разни литературни конкурси, освојувајќи мноштво награди и признанија.

Ние како нејзини соученици сме импресионирани и воодушевени од нејзиниот успех и талент, па решивме да направиме интервју со неа.

МЕДИУМ: На која возраст почна да пишуваш поезија?

ЕЛЕНА: Ако не ги сметаме првите наивни обиди на пишување, кои беа во четврто и во петто одделение кога пишував претежно со рима, некаде на 12-годишна возраст почнав за првпат да пишувам модерна поезија која има повеќеслојна семантика во изразот.

МЕДИУМ: Кога ја објави твојата прва книга? Колку награди имаш добиено досега и која за тебе е од посебно значење ?

ЕЛЕНА: На 14 години, кога учев во осмо одделение ја публикував мојата прва стихозбирка под наслов „Ние“. Наградена сум повеќепати, па затоа не би знаела која им е точната бројка. А во просек годишно тоа се по десеттина награди. Секое учество на конкурсите за мене претставува предизвик. Секоја награда е важна, со секоја се врзува некоја моја творба која, откако ќе ја напишам, некако станува творба сама за себе која продолжува да живее своја судбина. Но, кога веќе ми е поставено ова прашање, би ги избрала „Рациновите средби“ на кои ја добив првата награда за поемата „Елегичните солзи на вистината“, меѓу конкуренција со ученици од сите средни училишта во Македонија.Copy of Naslovna Beautiful Fine Art Photography That Will Inspire Youk 1 copy

МЕДИУМ: Од каде црпиш инспирација, за што најмногу сакаш да пишуваш? Кој е твојот омилен литературен род?

ЕЛЕНА: Инспирацијата најмногу ја црпам од секојдневието на човекот и од неговата околина. Секој детаљ или секоја ситница за мене може да претставува инспирација. Во мојот духовен свет се случува интеракција меѓу човекот и природата. Ги набљудувам човечките слабости оформени во неговите постапки и лични карактерни особини. Човекот што е предмет на моја опсервација се наоѓа во просторот на природата во која, пак, митските толкувања на натприродното се придружни орнаменти што ја продлабочуваат таа повеќеслојна книжевна опсервација. И животните и растенијата ги доближувам до човекот, ги споредувам со неговите карактеристики во духовна смисла, притоа барајќи некаква лабава дефиниција за заедничкото на сите форми на живот.
Поновото творештво, пак, целосно е посветено на љубовта и на сите нејзини артикулации во ехото на секојдневието. Се обидувам да си ја објаснам таа појава на разни начини, гледајќи со очите на женската перцепција. Во секоја моја стихозбирка го осудувам егоизмот – основната пречка за пристојно живеење во дланките на љубовта.
А кога станува збор за омилен литературен род - би рекла секако дека тоа е поезијата. Засега преку тој литературен род сметам дека човек најпрецизно и најметафорично може да се раскаже и изрази вистината и сите нејзини придружни манифестации: доброто, искреноста, посветеноста.

234213ПРЕДНА СТРАНАМЕДИУМ: Колку време ти беше потребно за пишување на една збирка? Која ти е најомилена?

ЕЛЕНА: Кога станува збор за поезија а и за која било друга уметност, никогаш човек не може да се ограничи во време и простор, бидејќи никогаш не знае колку ќе му биде потребно. Ми се случило една збирка да биде готова за две недели, а некоја друга да биде за неколку месеци.
Омилена немам, меѓутоа имам три за кои сметам дека се најдобрите, од сите овие десет. Станува збор за „Сите наши лица”, поемите „Елегичните солзи на вистината" и „Јана и Марко Крале„.

МЕДИУМ: Кои се твоите планови и амбиции за во иднина?

ЕЛЕНА: Најверојатно понатамошното школување ќе го продолжам на Филолошкиот факултет во Скопје, и себеси се гледам меѓу идните книжевници со многу песни, а можеби и со некој роман. Сепак, мојата натамошна стратегија е насочена кон создавање на подлабока, посилна, а во истовреме и поедноставна поезија, зашто за мене совршенството во уметноста се достигнува само преку едноставноста. Сакам да трагам во можностите на македонскиот јазик зашто сметам дека тој јазик е еден од најубавите јазици на светот. Мојот мајчин јазик дава бесконечен простор за развивање на метафората, неговиот лексички фонд е благороден во поглед на значењата, а синтаксата дава јасна слика за она што сакаме да го кажеме.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk