Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

zlo-ne-misliПовторно да се родам не би била ништо друго туку професор, ќе каже за себе професорката по музичко Силвана Гелевска. Веќе 25 години за неа училницата со пијано во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ е најубавото место на светот. Тука се учи јазикот на музиката, тука се рушат стереотипите, тука учениците се дружат и се забавуваат. Благодарение на енергијата која ја добива од младите луѓе, професорката Гелевска е секогаш ведра и насмеана.

- Многу од учениците се талентирани, музикални и имаат чувство за ритам. Музиката облагородува, не прави подобри, посреќни. Не залудно се вели кој пее зло не мисли, вели Гелевска.

Таа важи за една од омилените професорки зашто ги мотивира учениците да работат и да го користат нивниот потенцијал. Според неа, ученикот не треба само да се потруди за да го заврши предметот туку и вистински да ја засака музиката. Гелевска не е само професорка која ја работи својата професија туку исто толку и ја сака. Вели дека музиката ѝ е прва љубов. Уште како дете нејзините мечти биле да стане оперски режисер.

- За еден човек да биде успешен потребно е да се склопат три моменти во животот. Првата е семејството  во  кое  сме  се  родиле, изборот  на  професија која  не  исполнува  и  изборот  на  брачниот  другар  или  партнер. Почитувајте го семејството, бидете чесни и вредни, ценете ја искреноста и вреднувајте ги луѓето според тоа како размислуваат и колку љубов носат во себе кон другите, порачува Гелевска.

Со макотрпна работа училишниот бенд веќе петта година по ред продолжува да пишува успешна приказна за историјата на „Јосип Броз Тито“. И на крајот од учебната година се работи напорно бидејќи следи нов предизвик за учениците. Натпревар од кој со сигурност ќе стекнат голема корист и животно искуство, особено ако се има предвид љубовта и енергијата која ја вложува професорката Гелевска.

 

Автори: Емилија Миланкова, Викторија Мицковска, Душица Павлоска,
2-3, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk