Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

ku-proekt-sredСредношколци од кумановското училиште „Перо Наков“ посетија маркетинг агенција во Гранада, Шпанија како дел од проектот за имплементација на практична настава во образовниот процес преку соработка со бизнис секторот и примената на информациско-комуникациските алатки.

Учениците стекнаа разбирања за маркетингот, методите кои се користат при услугите за клиентите и за можностите да бидат идни успешни маркетинг-агенти. Средношколците се запознаа со културата и историјата на Шпанија преку разгледување на повеќе знаменитости, дворци и манастири во Гранада. Тие го посетија замокот Алхамбра, изграден во 13 век, кој е најпознато дело на исламската уметност на тлото на Шпанија и е единствен дворец од времето на мавриските владетели што останал делумно сочуван. Учениците следеа и фламинго шоу, карактеристично за андалузискиот дел од Шпанија. Во Гранада, средношколците снимија видео за училиштето кое ќе биде промовирано на училишниот Отворен ден. Посетата се реализираше преку програмата Еразмус плус на Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Фросина Милошевска, наставник по македонски јазик и литература
во СОУ „Перо Наков“ - Куманово

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk