Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Претставници од СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен", минатиот месец, присуствуваа на вториот работен транснационален состанок на работната група за проектот ,,Got pollution ?!..Be the sollution...Recycle!...", како дел од ,,Еразмус+" програмата за рециклирање и почиста животна средина. Вториот транснационален состанок се одржа во Брага, Португалија. Целта на состанокот беше разгледување на досегашните активности, спроведени во рамките на проектот, како и планирање на понатамошните чекори. Се разменија и искуства околу рециклирањето во шест училишта од исто толку европски земји.

niz hodnicite dren2 330x200Работните групи имаа можност да посетат две фабрики за селектирање на отпад и една за рециклирање и да се запознаат со нивната работа. Притоа, секое училиште имаше можност да презентира начини на работа со своите ученици околу подигнување на свеста за рециклирање и зачувување на животната средина. Во изминатиот период, во ,,В.А.Дрен", беа организирани две работилници со ученици во однос на овој проект. Целта на проектот е да се разбуди свеста кај младата популација за секојдневните проблеми кои ги имаме со загадувањето на животната средина, главно од индустриското загадување и отпадот кој доаѓа од домаќинствата.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk