Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Патрониот празник во ОСУ „Мирко Милески“ Кичево, годинава, беше одбележан со интонирање на македонската химна од училишниот хор, а беа положени и букети свежо цвеќе пред бистата на народниот херој во кругот на училиштето.

Niz hodnicite KicevoМлади играорци изведоа оро, а беше отворена и ликовна изложба на дела создадени во текот на оваа година, од членовите на ликовниот клуб при овој центар. На професорите, кои слават одреден јубилеј од своето работење или пензионирање, им беа доделени часовници или златници.

Присутните гости, професори и ученици ги поздрави директорот Благоја Стојаноски.

-Традиционално на овој ден му оддаваме почит на народниот херој Мирко Милески, кој на 1 октомври 1943 година го загуби животот во одбрана на Кичево и на првоослободените територии на Македонија.Се гордееме што нашето училиште го носи името на херојот и поттикнати од неговиот ентузијазам и херојство, повеќе децении вршиме образование и воспитание на нашата младина.Образованието е темел и благодет на секое општество -рече во своето обраќање директорот ОСУ „Мирко Милески“.

Зоран Антоски, Кичево

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk