Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

МЕДИУМ: Дали е ова твое прво појавување на телевизиските екрани?

bojan fam markovski 1ПЕТКОВСКИ: Минатата година учествував во кампања за „T -Mobile“, која цела есен се емитуваше на телевизија и интернет. За потребите на истата имаше и кампања со флаери и билборди. Тоа беше моето прво појавување на телевизиските екрани.

МЕДИУМ: Како стаса до главна улога во серијата „Фамилијата Марковски"?

bojan fam markovski 2
Фотографија: Петар Пејовски 

ПЕТКОВСКИ: Многу случајно. Сестра ми оди на часови по глума, а на социјалните мрежи видела објава за кастинг за серија. Бев со неа кога се пријави. Чекајќи во редицата, кога стаса Ивана на ред, девојката што запишуваше ме праша како се викам. Прво реков дека јас не се пријавувам, а таа ми праша зошто. Потоа ми рече дека на нив им требале и момчиња. Влегов. Поминаа уште три кастинзи и ја добив улогата.

МЕДИУМ: Дали глумата е твое хоби и дали имаш воопшто хоби со кое го исполнуваш твоето слободно време?

ПЕТКОВСКИ: Завршив нижо музичко, свирам гитара, тренирам кошарка, а од оваа година почнувам и на часови по глума.

МЕДИУМ: Дали улогата во оваа серија ти донесе слава само кај девојчињата или и кај професорите на училиште?

bojan fam markovski 3
Фотографија: Петар Пејовски

ПЕТКОВСКИ: Улогата ми донесе многу нови нешта во животот, пријателства, познанства, нови предизвици, нови можности... Секако, ме препознаваат луѓе по улица, сакаат да се сликаат... ама некако „слава“ ми е и многу далечен и незаслужен збор, сега за сега.

МЕДИУМ: Какво е чувството да имаш улога во серија, чија содржина моментално е најблиску до реалноста во која живееме?

ПЕТКОВСКИ: Реалноста е различна за секого, ама во моментов заедничка и реална е мојата среќа-дека учествував во серијата. Среќен сум и што луѓето ја сакаат и ја гледаат серијата.

МЕДИУМ: Дали тимот со кој соработуваше ти влеваше постојана поддршка и што најмногу те научи Фамилијата Марковски?

bojan fam markovski 4
Фотографија: Петар Пејовски

ПЕТКОВСКИ: Серијата ме научи дека треба да сум подготвен да прифаќам работи кои ми биле дотогаш непознати, да верувам во себе, да ги слушам и почитувам искуствата на луѓето. И не знам колку пати да ѝ се заблагодарам на Соња Стамболџиоска - кастинг директорот, на сите луѓе од „Арт Поект Лаб“, на Даријан Пејовски - режисерот на серијата, сите членови на семејството Марковски, на сите актери кои имаа епизодни улоги. Сите тие веруваа во мене од првиот ден, ме бодреа, ме подучуваа, ме смееја.

МЕДИУМ: Дали Бојан влијаеше на карактерот на Петар или Петар на карактерот на Бојан?

ПЕТКОВСКИ: Секако дека да. На пример, мојата поранешна класна по гледање на серијата рекла: „Па Петар не глуми, тој ваков беше и во школо...“. Има повеќе сличности, но има и разлика. На пример, убаво ќе беше да имав постара сестра која ќе ми даваше пари, како Бојан, но немам.

МЕДИУМ: Дали можеби во иднина актерството ќе биде твоја идна професија?

ПЕТКОВСКИ: Не знам, за ова прашање ќе морам да го консултирам Иван Исцелител. 

Ана Илиева

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk