Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Фејсбук, Инстаграм, па Снепчет, се најчесто користените социјални мрежи на средношколците. Ретко твитање, уште поретко гледаат телевизија. Единствени омилени  телевизиски производи им се играните серии, музичките содржини и документарните филмови на странските канали. Интернетот е доминантен медиум во нивното секојдневие. Го користат за информирање и за комуникација.

Vovednik Tamara KupevaСпоред последните истражувања, вака накратко изгледа медиумски свет на средношколците во Македонија.

Во актуелното,  дигитално време, интензивно се менува социјалниот живот на младите и нивниот однос кон стварноста. Медиумите  стануваат доминатна форма на образование и воспитание. Во обидот да ги следи овие процеси, училиштето станува најслабата алка во современиот живот на брзи промени.

Учениците се вклучени во нови облици на здружување. Најголем дел од нив се активни членови на десетици социјални групи. Тие се дел од едно глобално општество, една виртуелна групација од мали „општества“ коишто  (не)контролирано влијаат на нивната култура.

Лесно достапните информации се највлијателни образовни содржини со кои  учениците ги создаваат личните ставови и модели на однесување. Некои од нив им наметнуваат стереотипи, предрасуди кон одредени општествени групи, говор на омраза, нетрпеливост и неприфаќање на различностите.

Основниот проблем е како да се поттикне критичкиот однос кон овие појави? .

Формалното образование се’ потешко ги следи овие промени. Последните направени реформи на наставните содржини, по предметите во средното образование, се движат во временска рамка од 1999 до 2015 година. Некои наставни програми последен пат се реформирани пред повеќе од петнаесет години. Во време на општа дигитализација на сите сегменти на човековиот живот, медиумската писменост треба да биде основа на образованието на младите луѓе.

Медиумската писменост е  составен дел на  образовните системи на високоразвиените земји. Искуствата покажуваат дека нејзините содржини ги подготвуваат младите луѓе за активно учество во општествениот живот и посебно, во создавањето критички однос кон стварноста. Современите образовни трендови опфаќаат примена на различни типови презентации, видеоматеријали, блогови, социјални мрежни поврзувања и други видови информатичко-технолошки помагала. Начинот на интерпретација на тие содржини се клучот на дефинирање и разбирање на светот во 21 век.

Тамара Ќупева

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk