Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Со цел подигање на свеста кај младите за медиумска писменост и поинаков пристап кон информациите кои ги добиваат од интернет, во рамки на проектот „Младинска медиумска писменост“, преку разни активности се работеше на подигање на нивното критичко размислување.

Kade bevme Mediumska pismenost111Активностите беа во рамки на Коалиција за медиумска писменост што ја спроведува Високата школа за новинарство и односи со јавноста во парнерство со „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Коалицијата ја сочинуваат осум граѓански организации и осум медиуми, а е поддржана од ЕУ.

Kade bevme Mediumska pismenost333Проектот опфати вкупно три викенд обуки за млади луѓе во Скопје, Велес и Тетово. На 7 и 8 октомври годинава, се одржа една обука во Скопје, а гостин предавач беше Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и односи со јавност.

Потребата од медиумска писменост кај младите е наметната од растот на лажните вести и пропагандата, кои со тоа постојано се изложени на низа манипулативни содржини.

Оттука, Националниот младински совет на Македонија и Радио МОФ, го работат овој проект во рамки на Коалицијата за медиумска писменост, иницирана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk