Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Повеќекратната добитничка на златен медал во гимнастика-јуниорки на државно ниво, Елеонора Димковска, е ученичка  во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Иако е млада, а во гимназијата почетник и пред неа се многу предизвици, тоа сепак не може да се рече кога се во прашање гимнастичарските сали.

Herojot od mojatav ulica Eleonora Dimkovska 1 330x200Досега има учествувано на сите почетни и завршни државни натпревари на кои има освојувано најмногу златни, како и сребрени и бронзени медали. Исто така има настапувано на Купот на Македонија во гимнастика, на летните натпревари „Повеќе бои“, што се одржуваат во Охрид, како и на интернационалните натпревари во Нови Сад-Србија и во Благоевград-Бугарија.

Herojot od mojata ulica Eleonora Dimkovska 3 330pxНа последниот двомеч натпревар во гимнастика меѓу Македонија и Хрватска, што се одржа во октомври оваа година, Елеонора го освои златниот медал. Од 2015 до денес, само во гимнастичарски натпревари во Бугарија, таа има освоено девет медали.

Елеонора, својата љубов кон гимнастиката ја покажала на петгодишна возраст, кога и започнала да се занимава со овој спорт. Љубовта кон гимнастиката била  предизвикана од нејзина повозрасна другарка, а безрезервна поддршка за нејзината определба добила од нејзините родители, кои до ден-денес ја следат на секое нејзино патување.

Herojot od mojata ulica Eleonora Dimkovska 2 330x200Сепак, успехот не доаѓа сам по себе. Гимнастичарката Елеонора вежба напорно, пет пати неделно во Друштвото за гимнастички спортови „Партизан“ во Битола, со повеќе тренери. Нејзината порака до младите е дека спортот е одлично и навистина полезно хоби , кое не смее да се одбегнува и дека никогаш не е доцна да се започне со она што се сака.

На нејзиниот Фејсбук профил, може да се видат фотографии и видеа од нејзините настапи, многубројните медали, а и да се прочита како за себе вели дека „нејзините успеси во основата ги имаат нејзините порази“. Исто така и дека освен што е успешна во гимнастиката, сепак е тинејџерка која обожува убаво да се облекува, да се дружи со своите врсници, а и да слуша убава музика. 

Леонид Сајков, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk