Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Живееме во нова епоха на мултипликација на медиумите во која секој дава различна дефиниција за поимот МЕДИУМ и МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ. Според некои, медиум е сѐ она што ни пренесува некоја порака или информација, на пример, тоа може да биде чаша со апликација, маичка со каков било натпис, а други пак под медиум го подразбираат ТВ приемникот, паметниот мобилен телефон, весник, списание или некој билболрд. Оттука произлегуваат и се поставуваат други прашања: Дали медиумите се застапени во образовниот процес? Дали учениците се медиумски писмени за да ја дадат вистинската дефиниција за тоа што е медиум?

Сигурно не, зашто денес секој различно го доживува развојот на интернет-општеството, секој различно ја сфаќа информацијата што ќе ја прочита, па дури таа различно влијае кај секој поединец. Дури и Моцарт кога би го прашале дали ,,турбо-фолк“ е музика, сигурно би рекол дека тоа е кич, но за некој тој вид музика е негово осознавање, начин на уживање.

Сите овие прашања и недовршени одговори се резултат на една работилница која неодамна се реализира од страна на Високата школа за новинарство во соработка со весникот ,,Нова Македонија” и ученици од СУГС ,,Зеф Љуш Марку” во Скопје. Да, учениците се медиумски писмени и сакаат да учествуваат во вакви и слични проекти каде што ќе ја покажат и докажат својата инвентивност. Најчест одговор меѓу нив за медиум и медиумска писменост се социјалните мрежи кои се нивно нераскинливо секојдневие, а кои всушност, се нова идеологија со свои позитивни и негативни страни. Но, ученикот е тој што треба да пресуди дали е тоа така и да ги извлече позитивните придобивки. Живеејќи во демократско општество, секој се соочува со разни дезинформации кои ги сервираат токму социјалните мрежи каде што преку говорот на омраза се пропагира за да се истакне нечие его. Но, токму преку социјалните мрежи соработуваме за одредени задолженија каде што треба да истражуваат и даваат свој личен став.Во тој случај ангазираноста на учениците е голема, а соработката со наставникот успешна.

Токму поради тоа на многу од нас ни пречи употребата на мобилните апарати за време на образовниот процес. Донекаде и со право. Ученикот бара нешто ново, бара да истражува за да ја покаже својата инвентивност. Но, како со застарени програми и учебници кои не се во сообразност со неговиот интерес? Наместо да ги забраниме социјалните медиуми, училиштата треба да ги вклучат истите во наставниот процес така што учениците медиумски ќе се описменат во позитивна смисла. Образованието не е само учење од учебник. Тоа може да се поврзе со различни организации кои ќе се вклопат во наставниот процес преку истражувањата на учениците, да соработуваат со некој електронски или пачатен медиум каде што ќе можат да го изнесат својот личен став за каква било тема, а сепак да е образовна.

Анета Јосифовска,
професорка по Македонски јазик и литература во СУГС „Зеф Љуш Марку“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk