Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

На 4-ти мај двете соученички од прва година во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ Бесјона Јусуфи и Ангела Пандовска во Центарот за култура ја промовираа заедничката книга „Различни, а сепак исти“. Книгата е двојазична – на македонски и на албански јазик.  Промотор, а воедно и рецензент беше професорката по Македонски јазик и литература, Соња Живковиќ-Ѓоргиевска, која истакна дека ова е по многу нешта специфична книга: двете девојки сакаат да припаѓаат на модерното време, без предрасуди, дело во кое има позитивни чувства, а читателот може да ја вкуси приказната за двата различни карактери кои сепак имаат нешто заедничко ... љубовта.

Обете имаат објавени дела: Бесјона лани ја промовираше збирката поезија и проза „Стиховите ме потсетуваат“, а Ангела е автор на книгата „Животот на една девојка“.

Марта Миловановска, I-година во СОУ „Ј. Б. Тито“ – Битола

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk