Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

За време на медиумската лабораторија во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, средношколците изразија желба да бидат новинари интервјуирајќи го својот музички идол Арбен (Бени) Шаќири, кој средното образование го завршил во истото училиште.

Медиум: Како ученик кој завршил во СУГС „Зеф Љуш Марку”, кажете ни нешто повеќе за Вашите средношколски денови?

Бени Шаќири: По директорот, јас бев втор човек во училиштето. Бев претседател на младината и имав свој кабинет за трета и четврта година. Но, не се однесував како функционер, туку бев другар со сите. Бев одличен ученик. Редовно бегав од часови, ама тоа не се одрази на успехот.

uspehot doagja po naporna rabota 1Медиум: Дали сте имале проблем со некој професор?

Бени Шаќири: Имав проблем со еден професор кој ми беше класен раководител. Mе натера да се ишишам три дена пред завршетокот на школската година. Tоа страшно многу ме погоди, затоа што мене се’ можеш да ми земеш, ама коса да ми скратиш - како главата да ми ја кратиш.

Медиум: Какви цели имавте за Вашата иднина?

Бени Шаќири: Единствено нешто што ме занимало во животот е музиката. Сум тренирал кошарка рекреативно, но целта ми била да станам музичар. Не знаев како ќе го изведам тоа. Не беше така да ми давале родителите да снимам албум, туку морав сам да се пробивам. Требаше доста време да почекам, едно 13-14 години за да почнам активно да се занимавам со музика.

Медиум: Дали сте помислиле дека ќе станете познат рок пејач?

Бени Шаќири: Никогаш. Јас со музика не се бавам за да бидам познат, мене тоа не ме интересира, затоа што јас функционирам во наши, локални рамки. Многу е ниско да глумам ѕвезда на некој во маало што ме познава со години.

uspehot doagja po naporna rabota 2Медиум: Дали сте задоволен од  работата што ја работите?

Бени Шаќири: Јас сум најзадоволен од работата ама и многу напорно работам. Секој петок треба да свирам и да пеам на „after party“, па утредента да го натоварам камионот, да патувам 200 километри, да го наместам тонот, да свирам од 1-4 сабајле и во 7-8 да се вратам назад. Тоа се 13-14 активни часови работа. Имало времиња кога сум свирел секој ден од неделата, но сега веќе сум истрошен. Затоа викам дека мораш напорно да работиш за да  постигнеш тоа што сакаш. Мораш да работиш за да имаш успех.

Медиум: Како настана песната “По навика”?

Бени Шаќири: Текстот не е мој, на Тоше Поп-Симонов е. Добри другари сме и јас ја направив музиката и морав да чекам цели две недели за да се напише текстот. Познавајќи ме, добро ја напиша и ми кажа тоа си ти. Мислам дека песната е супер, зависи кој како се препознава.

Медиум: Која ваша песна достигнала најголем успех?

Бени Шаќири: Тоа е немерливо, во светот постојат стандради колку плочи си продал, колку концерти си направил, колку си присутен во медиумите, но кај нас практично не постојат мерила што ти е најуспешно во животот. Ако гледаме по тоа кога свирам во живо што најмногу се бара, тоа се песните “По навика”, “Сам”, “Љубов”...

uspehot doagja po naporna rabota 3Медиум: Со кој рок пејач би сакал да соработуваш?

Бени Шаќири: Па со него не можам да соработувам затоа што почина: тој беше Фреди Меркјури, пеач на групата Квин. За мене тој е најдобар музичар на 20-тиот век.

Медиум: Кој е ваш најголем настап?

Бени Шаќири: Мојот најголем настап е тој кога пеев пред Владата. Тогаш имаше преку сто илјади луѓе и баш ми е мило што сум дел од историјата. Тоа беше спонтано, никој не ме викна затоа што сум нечиј, тоа место го добив заслужено. Бев таму за народот, на некој начин да ги охрабрам, бидејќи сите бевме за една иста цел.

Медиум: Кога и како настанал бендот НОН-СТОП и зошто НОН-СТОП?

Бени Шаќири: Бендот се создаде во 1996 г. Морав да најдам име за мојот бенд што ќе биде универзален, затоа што замислував дека ќе направам некој напредок надвор од границите на Македонија. Неможеш тука да се викаш „Дивље јагоде“, а таму „Wild strawberries“.

uspehot doagja po naporna rabota 4Медиум: Што прави Бени надвор од музиката и во слободното време?

Бени Шаќири: Чувам деца, ја слушам жена ми, чистам по дома, работам во студио од време на време, онолку колку што имам идеи пробувам да ги реализирам. Немам време за да одам да гледам фудбал од 8-9 во балон, бидејќи не ме интересира. ...Не дека не сум играл ама не ме бива. Пробав да тренирам, ама никогаш не ме земале, затоа што сите одеа десно, а јас лево.

Медиум: Имате ли некоја порака до нас учениците?

Бени Шаќири: Секако дека имам, бидејќи јас сум го поминал вашето време, а вие допрва требате да дојдете до моето. Единственото нешто што може да направите за себеси е да се школувате. Тоа ќе ви биде гаранција за каков било успех во иднина. Многу е битно да учите, да се надградувате, да се образувате, да знате што повеќе и да бидете чесни луѓе. Со диплома ќе бидете независни и нема да има потреба да баците нечија рака. Можеби сега не ме разбирате, но тоа ќе го сфатите подоцна.

Канита Ајдини и Ена Ќерими, гимназија „Зеф Љуш Марку“ Скопје

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk