Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Ана Воденичаровска и Владимир Бојаџи, се двајца студенти-бруцоши, кои на државната матура летовото извадија најдобри резултати по предметот Математика за кој велат, дека решавањето задачи им оди со леснотија и им претставува задоволство.

„Кога обучувате деца, неопходно е да тежнеете кон тоа кај нив постепено да ги коминирате знаењето со учењето. Изгледа дека од сите можни науки, само математиката е способна во целост да го задоволи ова барање“.

Овој цитат од германскиот филозоф Имануел Кант, веројатно е еден од омилените филозофски цитати на наставниците по математика и веројатно не постои професор-математичар кој не верува дека матепатиката е најдобриот и накорисниот предмет кој еден човек може да ги изучува.

За жал, во една генерација ретки се тие ученици кои би се сголасиле со нивните наставници по математика. Направотив, токму овој предмет се наоѓа последен на листата омилени.

Меѓу оние ретките, кои ја сакаат математиката и математичките проблеми ги решаваат со леснотија и страст, а не само затоа што мораат, се двајцата охриѓани: Ана Воденичаровска и Владимир Бојаџи.

Тие денес се студенти – бруцоши, Ана на Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ), а Владимир на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Средно образование завршија во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ од каде си заминаа како средношколци кои на државната матура за учебната 2017/2018 година имаа најдобри резултати по предметот математика.

str6 HEROJOT OD MOJATA ULICA Ana- Зад секој успех стои напорна работа, па така и зад мојот успех стои работа-континуирано вежбање. Последната година од средното образование ја поминав во повторување на материјалот од предходните три години и паралелно учејќи го новиот материјал од четврта година. Се разбира последните месец дена беа најинтензивни – ни одговори Ана за тоа колку време се подготвувала за полагањето математика на дравна матура.

Владимир, пак, вели дека за добри резултати потреби се и талент и континуирано вежбање. Пред матура тој активно се подготвувал околу месец и половина.

Двајцата веруваат дека нивното знаење во математиката ќе им помогне многу во студиите, кои како што велат, ги одбрале бидејќи имаат допирни точки со оваа наука, но и затоа што сметаат дека со овие факултети имаат добра перспектива.

Ана вели дека не би можела да каже зошто ја сака математика. Едноставно, вели студентката, таа била и сѐ уште ѝ е омилениот премет.

str6 HEROJOT OD MOJATA ULICA VladimirДа решава математички проблеми на Владимир, пак, секогаш му претставувало задоволство.

- Заинтересиран сум за математика уште од основно образование, решавањето математички проблеми од секогаш ми било интересно и никогаш не ми претставувало проблем, туку напротив задоволство – вели студентот.

Ана и Владимир им кажаа „збогум“ на средношколските клупи во мај годинава. Ги прашавме и што најмногу ќе им недостига од средно, но веројатно поради возбудата од новите почетоци, двајцата немаат многу време за да размислуваат за минатото, па кратко ни одговорија дека најмногу ќе им недостасува дружењето.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk