Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

На почетокот на осмата сезона од „Медиум“ ќе се осврнам на неколку поенти од неодамнешното истражување на Институтот за комуникациски студии (ИКС) за утврдување на „Навиките на корисниците на социјални мрежи во Македонија“. Најмладите испитаници беа со навршени 15 години и сместени во групата од 15-24 години, иако истражувањето опфати и испитаници од различни возрасти, до + 65 г. Целта беше да се утврди од каде се информираат, што најмногу читаат онлајн, дали имаат профил на социјалните мрежи, колку време поминуваат на истите, за што ги користат, кого следат, но исто така и како ги восприемаат вестите, односно дали ги проверуваат и бараат дополнителни информации.

И што прават нашите млади?

Најчесто се информираат онлајн (59,7%), иако телевизијата и натаму е доминантен медиум. Колку што расте возраста, толку повеќе расте и бројот на гледачи. 83% од младите пристапуваат на интернет преку мобилен или таблет. Младите најмногу го користат интернетот за забава (50,9%). Од сите испитаници (од 15 до над 65 г.) најмногу се користи Фејсбук (50,1%), а повеќе од 1/3 (36,9%) на оваа мрежа се помеѓу еден и три часа дневно, но скоро четвртина (27,85) се повеќе од три часа во денот. Младите се најприсутни на Инстаграм и Снепчет.

ИКС ги праша и кои јавни личности ги следат. Младите на возраст од 15-24 години најмногу следат пејачи/актери и други личности од забавната сфера (35,3%) и спортисти (27,6%). Интересно е што на прашањето „Важно ми е мислењето кое го споедлуваат јавните личности кои ги следам на социјалните медиуми“, дури 71% од младите изјавиле дека се согласуваат со оваа изјава.

Кога ќе прочитаат некоја вест на социјалните медиуми, 38,1% од сите испитаници понекогаш бараат дополнителни информации во други медиумски извоир, додека ¼ од испитаниците (26,3%) ретко бараат дополнителни извори. Скоро 1/3 од испитаниците (29,6%) кога ќе прочитаат некоја вест онлајн, само понекогаш проверуваат кој е изворот на веста, додека повеќе од ¼ (26,1%) секогаш го проверуваат изворот на веста.

Последните бројки се сериозен индикатор за нивото на самосвесност на публиката и капацитетите за проверка на прочитаното, без разлика дали информациите доаѓаат од медиумите или од креаторите на јавно мислење. Истражувањето ни проектираше слика за младата, речиси беспоговорна лојална публика на возраст од 15-24 год. која безрезервно им верува на естрадните ликови. Ова уште еднаш покажува дека медиумската писменост е најсилната вакцина за критичка публика. 

Александра Теменугова, раководител на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ и уредник на „Медиум“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk