Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Учениците од скопската гимназија “Раде Јовчевски Корчагин“ и од основното училиште „Петар Поп Арсов“ учествуваа на работилница - еден вид симулација на училишен час, и преку заемна интеракција одговораа и изнаоѓаа решение на зададена задача. Настанот се одржа во рамки на иницијативата „Петок за млади“ во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИРТ), а часот го водеше професорот по дигитални системи и практична настава, Димитрија Ангелков кој предава во средно стручно училиште „Киро Спанџов“ од Кавадарци, кој им го претстави и својот изум – интерактивна училишна табла.

cas so profesorot koj izmisli interaktivna ucilisna tabla 2Интерактивната табла е посебно осмислен уред со специфичен софтвер кој овозможува интерактивна работа за време на наставата. Употребата на овој уред овозможува учениците и професорите да бидат подеднакво активно вклучени во изучувањето на самата материја. Предноста на овој изум се состои во палетата можности што софтверот ги нуди, од интерактивни игри со педагошка цел до директно интервенирање на самата табла, моментално печатење на сработеното и слично. Овој проект на професорот, кој  истовремено е и основач на компанијата „Интерактивна иднина“, беше поддржан од ФИТР во висина од 26 илјади евра во рамките на четвртиот јавен повик за старт ап компании и комерцијализација кој Фондот го спроведе во соработка со Светска банка.

На почетокот на часот со професорот Ангелгов, директорот на ФИРТ, Јован Деспотовски, им порача на учениците дека целта е тие да науат нешто надвор од училишните клупи.

- Сакаме да ги поттикнеме учениците да развијат критичко мислење, но и да ја нагласиме потребата од воведување иновации и технологии во образованието. Денес презентираме одличен проект, иновативна училишна табла, со која очекуваме наставата да стане уште поинтересна за сите ученици - истакна Деспотовски.

И заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов, ја поздрави иницијативата „#ПетокЗаМлади“ која има за цел насочување на младите кон критичко размислување и иновации преку ваков вид на отворени настани. Такви настани и процеси, рече тој, се потребни затоа што светот оди напред, а нашите системи бавно се придвижуваа години наназад.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk