Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Шекспировско прашање со кое живееме секој ден. Дали да бидеме во тек со сите случувања, или пак да живееме во некоја форма на своја имагинација бегајќи од сето тоа што нè опкружува. Сакале или не ова денешно модерно општество ни наметнува влијателни ‘органи’ кои со множество од најнови технологии и разновидни техники, емитуваат енормно голем број податоци и информации. Забележливо е отсуството на селектирање на одредени корисни или вредни информации, се занемарува какво може да биде влијанието на податокот или пренесената порака врз оној што ги перцепира, главно најважна е користа од емитувањето или бројот на гледаност.

Сите ние потклекнуваме пред ‘инфицирањето’ со информациите кои свесно или несвесно ги перцепираме. Сликата на ‘големиот’ екран поседува посебна фасцинантност, нуди еден двосмислен поглед кон реалниот свет. Колку што повозрасните се ‘заразени’ и задолжително присутни пред телевизиските екрани за време на сериите, толку помладите се обземени од игрите кои ги пренесуваат во некој друг свет, во кои сè може со еден клик да исчезне или пак да се појави. Конфузијата на имагинарното и автентичното може да предизвика особено штетни ефекти кај децата и младата популација, со што им ја ‘искривува’ сликата за реалноста во која живеат. Идеализирајќи некој омилен лик си создаваат модели на однесување, усвојуваат постапки и размислувања и го имитараат она што ќе го видат, еден вид манипулација со мислењето и свеста, што по себе повлекува тешки и сериозни последици.

Меѓутоа свеста може да се издигне на повисоко ниво, особено доколку се  вклучат  медиумите и нивната писменост, уште од најрана возраст во градинките, потоа низ основното да се зголеми обемот на темите од оваа област, за која реално малку се зборува и ретки се наставниците кои обрнуваат внимание на неа, а во средното образование можеби да се издели предметот Говорење и пишување како задолжителен, а не изборен предмет, во кој ќе доминира најнапред познавањето и негувањето на својот мајчин јазик, а не примената на социолектите кои се шират и множат со брзина на светлината и доведуваат, а потоа и функцијата на стиловите на пишување и составување на наменските текстови.  

Се поставува прашањето дали е потребно да сме директно, целосно и задолжително вклучени и вложени во сите можни информации кои врнат како ситен дождец и ни навлегуваат под кожа. Дали можеби треба да постои еден вид ‘норма’ за тоа што сè може и треба да биде имплицирано. Но, секако дека таа норма е потребно да се почитува, а не како и сè друго за некого да се биде ‘мајка’, а за друг да се биде ‘маќеа’. Или пак можеби треба да носиме чадор за на тој дождец , колку и да е ситен, не му дозволиме да нè натопи.

Докторите велат дека лек за ‘вирус’ нема, тој поминува сам по себе. Меѓутоа како што има вируси кои траат ден-два, ни останува да се надеваме дека и овој вирус кој ги има зафатено сите ќе трае пократко од ‘засекогаш’.

п.с. Пишувајте кирилица, пишувајте правилно (барем потрудете се), можете да бидете ИН и со поставување на ваши норми, сепак, постојат  букви кои ги нема латиничното, а се НАШИ.

#секадникадсеуштенезнамкошонеам

Автор: Емилија Величкова, професорка во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk