Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Слаби со поддршка, силни со пораките. Младите од движењето „Петоци за иднината - Скопје“ и поддржувачите, со серија активности ја одбележаа глобалната недела против климатски промени. Првиот протест беше пред Владата, а нивните барања ги адресираа внатре во зградата. „Малата земја“ да го сфати сериозно глобалниот аларм, да прогласи вонредна климатска состојба во државата, да се активира национално тело за борба против климатски промени, електричните централи да згаснат, а обновливите извори на енергија стратегиски да се искористат. Власта мора плански да ја намали употребата на автомобили со унапредување на јавниот транспорт, а за климатската проблематика да се учи во формалното образование, порачаа активистите.

Kukata ni gori nekoj neka odgovori 2- ЦО2-гасовите од целата наша индустрија, од овој сообраќај, мора да ја натераат власта веднаш да почне со краткорочни мерки и да мисли на стратегија на долг рок. Македонија е мала земја, но сепак заедно со уште 200 држави имаат суверенитет на своите територии и мора да воспостават ред. И сега, во ситуација кога ние имаме глобален проблем, не може да очекувате, на пример Кинезите да дојдат и да ви ја завршат работата - вели Иво Босилков од движењето „Петоци за иднината - Скопје“.

Младите потсетија на сѐ пожешките летни денови во Македонија, на поплавите и на пожарите кои се аларм дека не сме изолирани од глобалниот проблем. Дел од демонстрантите се појавија со маски на лицето, други, пак, со транспаренти. „Системски промени“, „Ние се труеме“, „Една планета, една шанса - акција сега“ беа само дел од слоганите. Се скандираше и „Куќата ни гори, Јани да одговори“, алудирајќи на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

Kukata ni gori nekoj neka odgovori 3- Ако не е доволен индикатор тоа што барем три месеци во лето и три месеци во зима не можеме од дома да излеземе, тоа се и препораките од нашите власти, тогаш не знам што повеќе треба. Ова што ни се случува е по вина на грст луѓе кои ја силуваат, ја злоупотребуваат природата и природните ресурси, а ние ќе страдаме за сметка на нивното богатење. Не се гледа сериозно на овој проблем како од оние на позиција на моќ, така и кај обичните граѓани. Затоа се потребни вакви активности - вели Теодора Милевска, која беше на протестот пред владината зграда.

Освен протестот пред Влада, неделата против климатските промени се одбележа со велосипедско возење, тематска филмска проекција, работилници, панел-дискусии. Активностите се заокружија со завршен марш на 26 септември, кој започна од Министерството за животна средина преку Собранието до Владата.

Паралелно со младите скопјани, илјадници нивни врсници низ целиот свет изминатава недела учествуваа на демонстрации за климатската криза.

Kukata ni gori nekoj neka odgovori 4Целта е да се укаже на последиците од климатските промени врз планетата и да се упати барање до владите итно да го спречат понатамошното загадување на животната средина.

Младите протестираат, а што ветуваат светските лидери?

Додека младите ги окупираа улиците, под истото мото светските лидери се собраа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера, кој ќе биде домаќин на разговорите за климата подоцна оваа година, рече дека 66 земји ветиле дека ќе имаат поамбициозни цели за климатските промени, додека 30 земји ветиле дека ќе постигнат неутралност од јаглерод до 2050 година. Лидерите на Финска и Германија исто така ветија дека ќе забранат јаглен во рок од десет години. Повеќе од 60 светски лидери се подготвени да разговараат, вклучувајќи ги и оние од Нов Зеланд, тешко погодените Маршалски Острови, но и Индија и Германија. Францускиот претседател Емануел Макрон побара од другите нации да ги зголемат своите придонеси во Зелениот климатски фонд, кој им помага на сиромашните нации да се справат со климатските проблеми. Овој самит и Конференцијата за климатските промени во Сантијаго де Чиле, најавена за декември, се два клучни настана за донесувањето одлуки во насока на задржување на глобалното загревање под критичната граница од 1,5 Целзиусов степен.

Kukata ni gori nekoj neka odgovori 3Грета Тунберг до светските лидери: Како се осмелувате?

Виновникот за движењето „Петоци за иднината“ е Грета Тунберг. Таа е 16-годишна средношколка и активистка од Шведска. Денес важи за совршеното „заштитно лице“ на глобалното движење против климатските промени. Благодарение на нејзиниот активизам за неа слушна целиот свет, а за овие генерации средношколци некој со право вели дека живеат во времето на Грета.

Грета е родена на 3 јануари 2003 година во Стокхолм, во уметничко семејство. Живеела удобен живот, учела во најдобрите училишта и ги имала привилегиите на современото живеење. Таа го привлекува вниманието на шведската, а потоа и на светската јавност откако во август 2018 година излегува пред тамошниот парламент да протестира, барајќи од властите да се преземе нешто против климатските промени.

Протестира сама со транспаренти, но потоа ги поттикнува луѓето, пред сѐ младите во Шведска и пошироко да го кренат гласот. Нејзиниот активизам отиде дотаму што на 20 септември, во движењето „Петоци за иднината“, 50 милиони луѓе маршираа против немарноста на светските лидери, охрабрени од непоколебливиот став на Грета.

По овие протести на 20 септември, младата активистка имаше настап на самитот за климатски промени во Обединетите нации (ОН), а нејзиниот говор пред светските лидери направи и тој што не слушнал да слушне за неа и да се подзамисли за опасностите од климатските промени.

Како се осмелувате? Очите на идните генерации се вперени во вас и доколку одлучите да нè изневерите, ние никогаш нема да ви простиме. Ова е погрешно. Не треба да стојам овде. Треба да се вратам во училиште, на другата страна од океанот. Ги украдовте моите соништа и моето детство со вашите празни зборови. А сепак, јас сум една од среќните. Луѓето страдаат. Луѓето умираат. Целиот екосистем се распаѓа. Ние сме на почетокот на масовно истребување. И сè за што можете да разговарате се пари и бајки за вечен економски пораст. Како се осмелувате! - им порача Грета Тунберг на светските лидери во емотивното обраќање.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk