Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Едукација за одржлив транспорт и влијанието од сообраќајот

niz hodnicite odrzliv transport 330x200Во рамки на ,,Европската недела на мобилност", скопските средношколци се едуцираа за придобивките од одржливиот транспорт. Учениците од СУГС ''Раде Јовчевски-Корчагин" посетија Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) во главниот град и се запознаа со придобивките од функционирањето на овој центар. Меѓудругото, се интересираа за работата на сообраќајните инженери, како и за влијанието на сообраќајот врз квалитетот на животната средина. niz hodnicite odrzliv transport2 330x200Средношколците, пак, од СУГС „Георги Димитров“, се едуцираа за придобивките од користењето на одржлив транспорт и ефектот врз природата, климатските промени и емисиите на СО2. Во дворот на училиштето беше поставен камион училница, лабораторија на тркала, којашто се снабдува со енергија од соларни панели. Едукативните часови завршија со герила акција во центарот на градот, со едукативни содржини за одржлив транспорт.

Read 24 times Last modified on Петок, 29 Септември 2017 08:22

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004