Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

На појадок во конзулска Битола

Niz hodnicite BitolaЕвропскиот ден на јазиците, во гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола беше одбележан по петти пат. Во реализација на настанот, именуван како „На појадок во конзулска Битола“, учествуваа учениците и професорите од активите по македонски, англиски, германски и француски јазик. Декорираните маси изобилуваа со специјалитети карактеристични за Македонија, а можеа да се видат и ученички облечени во народна носија.

Идејата на манифестациите кои се одржаа во многу земји од ЕУ е да се поттикне интересот кај децата и возрасните кон јазиците и изучување на истите.

Теодора Кожуваровска, СОУ Гимназија „Јосип Броз - Тито“  Битола.

Read 24 times

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004