Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Кино салите преполни, интересот на учесници зголемен

Kade bevme Dzifoni 4Од 18 до 23 октомври, во киното „Милениум“, свечено беше отворено петтото издание на Фестивалот за млади „Џифони Македонија“. Пред публиката, односно 700 учесници од 14 земји, на отворањето, беше прикажан филмот  „Ловец на муви“ во режија на Изер Алиу. Тој потекнува од Македонија, живее во Норвешка и во Шведска. Филмот е снимен без буџет, во селото Кондово, во околината на Скопје, со поддршка од две продукциски куќи. Филмот влезе на еден од најголемите  фестивали од А категорија, на филмскиот фестивал во Торонто.

За малиот петгодишен јубилеј, кој е развиен благодарение на соработката меѓу Македонија и Италијанската амбасада, директорот на фестивалот, Дарко Башески, посочи дека интересот за фестивалот расте и годинава имале толку  голем интерес што апликациите за учество ги затвориле еден месец пред неговиот почеток. Појасни и дека најактивните, најелоквентните млади учесници и годинава беа поделени во три групи: јуниори, кадети и сениори. Тие го сочинуваа и жирито. Осум од нив, се селектирани за учество следната година во Италија како претставници на  „Џифони Македонија“.

Kade bevme Dzifoni 2-Примивме максимален број на деца колку што можат да соберат кино салите и видовме огромно задоволство кај младите кои по гледањето на филмовите имаа  дискусии на  теми поврзани со истите филмови. Овие наши деца  верувајте, секоја година се видливи со својата активност, со своите паметни прашања до големите филмски ѕвезди со кои имаат можност да се дружат за време на фестивалот- рече Башески.

Во рамки на „Џифони Македонија“, покрај 15-те филмови во официјална конкуренција, беа прикажани и други филмови, дел од придружната програма-селекција на најдобри филмови за млади од Кореја, филмови коишто се поврзани со музиката и џезот, во соработка со Скопскиот џез фестивал, како и кратки филмови на Ханис Багашов, најмладиот режисер моментално во Македонија, кој почнал да прави филмови на 11 години.

Kade bevme Dzifoni 3Клаудио Губитози, директорот и основач на „Џифони Експириенс“ од Италија, изрази задоволство од обидот пред пет години, фестивалот да заживее во Македонија. Според него, се што ќе се посее добро, се жнее убаво.

-Се обидовме и најдовме нова земја, со многу убави, внимателни млади луѓе, со вистинската енергија која што му дозволи на семето на „Џифони“ да се развие. Целта е постигната. Последните три наши меѓународни активности се во Македонија, Албанија и во Катар.Меѓутоа јас овде секогаш сум се чувствувал убаво, ја најдов онаа одлична хармонија меѓу идејата и самата земја. Навистина момчињата и девојчињата од Македонија кои доаѓаат на „Џифони“ во Италија се поинакви и секогаш биле забележани меѓу илјадници млади од 50 земји-изјави Губитози.

На фестивалите на „Џифони“ гостувале навистина познати луѓе наградувани нобеловци, оскаровци за да го дадат и да го пренесат нивното знаење но и да добијат енергија, чистота, соништа, перспективи, појасни тој. 

Една од целите за 2018 година е да се донесат италијански таленти во Македонија.

Read 321 times Last modified on Вторник, 31 Октомври 2017 13:40

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004