Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Стравот и вознемиреноста не се болест, но мора да се лекуваат

tema za dilema anksioznostЗапишувањето во средно училиште, новата средина, соученици, оптеретеноста дали и колку некој ќе биде прифатен во друштво, вреднуван и почитуван, се вистински стрес за средношколците и најчеста причина за појава на појавата наречена ансиозност. Влијание имаат и притисоците од родителите и од професорите во однос на учењето и постигнувањето добри резултати. Сето тоа води до вознемиреност, несигурност, напнатост. Поради тоа, учениците треба редовно да се информираат од интернет и самоиницијативно да побараат стручна помош, никако да ги решаваат проблемите на своја рака.

tema za dilema aleksandra proshevaАлександра Прошева, клинички психолог, гешталт психотерапевт од ординацијата „Д-р Павлов“, за анксиозноста вели дека претставува состојба на изразена вознемиреност, внатрешно чувство на интензивна непријатност, тегоба, страв до ниво на паника кое често е пропратено со низа на телесни симптоми. Како срцебиење, препотување, чувство дека неможе да се земе воздух, гушење како голем притисок во градите, вртоглавици, страв дека ќе се онесвести, преголема загриженост за своето здравјето.

- Може да биде манифестирано како генерализирано анксиозно чувство, фобија и анксиозноста која се изразува со панични напади кои се краткотрајни но крајно непријатни за тој кој ги доживува. Ученикот може да доживува анксиозност која е поврзана со негативната слика за себе и самовреднување, изразена самокритичност во поглед на своето тело, успехот во поглед на постигнувања-појасни Прошева.

Колку и дали ваквата состојба влијае на концентрацијата и следење на наставата, според неа, многу- ученикот не може да се концентрира поради симптомите кои ги чувствува и кои му го одвлекуваат вниманието. Тие го преплавуваат ученикот, делува отсутно, замислено, изгубено и секако негативно влијае на неговите постигнувања.

Tema za dilema Marina LoteskaПрофесорскиот кадар, пак, од друга страна, секојдневно е соочен со различни карактерни особини кај средношколците, а професорите изнаоѓаат сопствен начин да се справат со нив, во отсуство на обуки, отсуство на  едукација на соодветни техники во комуникацијата при справување со проблем. Тоа важи и за конкретна здравствена ситуација на ученикот или се повеќе препознатливата анксиозност кај младите, вели Марина Лотеска, професор во гимназијата „Георги Димитров“.

-Реакцијата, помошта и начините на справување во конкретни препознатливи однесувања кај учениците, конкретно кај средношколците (страв од неприфатеност, страв од јавен настап, срам во комуникација, непријатно чувство и сето проследено со напад на паника и срам, проследено со одбивање на конкретни задачи и активности на часот; препознатливо чувство на тага, депресија, бес, чувство на пониска вредност), се сведува на личноста на наставникот. Поточно, неговата желба и посветеност да им помогне на учениците воочувајќи конкретен проблем-изјави професорката Лотеска. Доколку професорот сам не може да ја реши состојбата кај ученикот, ја вклучува педагошката служба, но според Лотеска, за жал, само во случај на проблематични ученици без навлегување во причините за однесувањето на ученикот, доколку е тоа некој поспецифичен проблем за кој родителот не сака да соработува. 

Анксиозноста не е лесно препознатлива, вели и психологот Прошева, бидејќи личноста се обидува на секој начин тоа да го прикрее, потисне дури и од најблиските. И тоа, секако го исцрпува многу ученикот поради страв и предрасуди дека другите ќе помислат дека нешто не е во ред со него.

- Професорите ретко ги забележуваат овие ученици. Но, она што може да го препознае околината и професорите е ако ученикот делува отсутно, расеано, дефокусирано, загрижено, има потиштено расположение, не се смее..Доколку се забележат овие симптоми  добро е ученикот да се препрати кај училишниот психолог или да се алармираат родителите за неговото променето однесување-децидна е таа.

Од нејзината праксата, рече дека се почесто младите луѓе самостојно и своеволно доаѓаат на терапија. Информациите ги добиваат од интернетот и така развиваат рано свесност, наспроти родителите кои како иницијатори би ги однеле на психолог за совет и помош за себе.

tema za dilema anksioznost 1Главната порака до родителите, професорите и учениците, е дека анксиозноста е состојба која може да му се случи на секого без разлика на возраста и потребно е навремено да се реагира за полесно младиот човек да ја надмине истата на еден побезболен начин со одење на психолог или психијатар.

Од искуството на професорката Лотеска, начин за помош на учениците соочени со анксиозност, е и активно вклучување во воншколски активности и сериозна посветеност на наставникот за надминување на проблемите преку проекти.

-На ученикот во помала група, му се дава конкретна задача и се работи со техники за јавен настап, помагајќи му да ја врати самодовербата, надминувајќи го стравот и неприфатеноста-смета професорката.

Како професор по македонски јазик и литература, таа активно работи со учениците театарски претстави. Им поставува теми кои ги засегаат младите и проблемите со кои живеат. Вели дека учениците, членови на драмската секција „С’клет“, излегуваат посилни, со поголема самодоверба, надминат страв од неприфаќање, односно припаѓаат на група каде се стекнуваат вистински пријателства и се поподготвени за надворешниот свет.

Read 27 times Last modified on Понеделник, 30 Октомври 2017 12:33

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004