Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Битолчанка која ниже златни медали

Herojot od mojatav ulica Eleonora Dimkovska 1 330x200Повеќекратната добитничка на златен медал во гимнастика-јуниорки на државно ниво, Елеонора Димковска, е ученичка  во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Иако е млада, а во гимназијата почетник и пред неа се многу предизвици, тоа сепак не може да се рече кога се во прашање гимнастичарските сали.

Herojot od mojata ulica Eleonora Dimkovska 3 330pxДосега има учествувано на сите почетни и завршни државни натпревари на кои има освојувано најмногу златни, како и сребрени и бронзени медали. Исто така има настапувано на Купот на Македонија во гимнастика, на летните натпревари „Повеќе бои“, што се одржуваат во Охрид, како и на интернационалните натпревари во Нови Сад-Србија и во Благоевград-Бугарија.

На последниот двомеч натпревар во гимнастика меѓу Македонија и Хрватска, што се одржа во октомври оваа година, Елеонора го освои златниот медал. Од 2015 до денес, само во гимнастичарски натпревари во Бугарија, таа има освоено девет медали.

Елеонора, својата љубов кон гимнастиката ја покажала на петгодишна возраст, кога и започнала да се занимава со овој спорт. Љубовта кон гимнастиката била  предизвикана од нејзина повозрасна другарка, а безрезервна поддршка за нејзината определба добила од нејзините родители, кои до ден-денес ја следат на секое нејзино патување.

Herojot od mojata ulica Eleonora Dimkovska 2 330x200Сепак, успехот не доаѓа сам по себе. Гимнастичарката Елеонора вежба напорно, пет пати неделно во Друштвото за гимнастички спортови „Партизан“ во Битола, со повеќе тренери. Нејзината порака до младите е дека спортот е одлично и навистина полезно хоби , кое не смее да се одбегнува и дека никогаш не е доцна да се започне со она што се сака.

На нејзиниот Фејсбук профил, може да се видат фотографии и видеа од нејзините настапи, многубројните медали, а и да се прочита како за себе вели дека „нејзините успеси во основата ги имаат нејзините порази“. Исто така и дека освен што е успешна во гимнастиката, сепак е тинејџерка која обожува убаво да се облекува, да се дружи со своите врсници, а и да слуша убава музика. 

Леонид Сајков, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола

Read 18 times Last modified on Вторник, 05 Декември 2017 11:38

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004